Author: Marija Todorovska

Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле.

Read More

Со 10 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени за нов член на Државната изборна комисија. Предлогот за нов член на ДИК треба да се гласа на пленарна седница. За изборот на Демири за нов потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство на гласовите.

Read More

„Комисиите што ги утврдија проектите што добија финансиска поддршка во рамките на Годишната програма на Министерството за култира ја направија распределбата на средствата предвидени во секоја програма единствено врз основа на критериумите и мерилата за оцена на проектите се содржани во Годишните конкурси кои беа претходно и јавно објавени и им беа познати на сите апликанти. Тие критериуми се однесуваат однесуваат на креативноста, на иновативноста и на уникатноста проектите, на премиерни изведби, на поддршка и промоција на млади музички уметници, на проектите за афирмација и нега на традициите, како и на повеќе други соодветно на програмата“, рече министерката за култура…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски вели дека никогаш, за ниту еден закон, Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Read More

Бојан Илкоски: Музиката по некаква дефиниција претставува звучна уметност… или хармонија на звукот. Но, за мене лично, ако моите настапи и концерти ги доживувам и толкувам како некаков ритуал, тогаш музиката за мене претставува магија…дом каде што живее човековиот дух… Линк

Read More

Неодамна имаше концерт во Софија, а често го слушаме на нашите концертни подиуми, во различни музички состави – Виолинистот Бојан Илкоски е еден од најпосветените музички уметници, кој виолината буквално не ја испушта од раце. Направивме интервју, пред сѐ поради успехот којшто го доживеа настапувајќи како солист со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов, концерт кој беше проследен со овации од страна на тамошната многубројна публика, но Илкоски зборува и за генералните состојби во музичката култура во земјава. Роден е во 1992 година, дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко и од…

Read More

„Пендаровски беше кандидат поддржан од ДУИ на претходните избори. Веројатно нема подобар кандидат за албанскиот електорат во државата од Стево Пендаровски, бидејќи веќе еднаш бил, се покажал дека не ги дели граѓаните“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во утринската програма на Слободен печат.

Read More

На последната анкета на „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“, младите одговараат дека сакаат претставителен претседател, кој нема да „ја брука“ државата, човек кој поседува етички и морални квалитети и ќе се бори за интересите на државата и особено младите.

Read More

Зошто дел од медиумите и новинарите пред етичките правила ги стават етничките интереси? Дел од луѓето во медиумите пред да се новинари, се повеќе Македонци или Албанци? Дали етноцентризмот и говорот на омразата во медиумското известување низ годините беше присутен само во комерцијалните медиуми или и во „јавниот сервис“? Дали уставните промени ги поделија уште еднаш медиумите по етничка линија? СЕФЕР ТАХИРИ / Цивил Медиа Eдна „новинарка“ на Хрватската телевизија во текот на конфликтот во поранешна Југославија „гордо“ изјавила пред камерата: – Јас сум спремна да лажам за својата татковина! Ова емоционална изјава на „новинарка“ која ја прочитав во книгата „Злочин…

Read More

„Внатрепартиската Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ”, претставена од професор д-р Оливер Андонов, во текот на вчерашниот ден (14.02.2024 год.), до Управниот Суд во Скопје поднесе ТУЖБА против ВМРО – ДПМНЕ, претставувана од професор д-р Христијан Мицкоски кој како претседател на партијата согласно член 35 став 1, алинеја 1 и алинеја 3 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, е Одговорно лице задолжен да се грижи за спроведување на Статутот на партијата и законско и уставно работење на Политичката Партија ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од Внатрепартиската Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.

Read More

Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да осигураме фер и демократска атмосфера, императив е секој чинител во изборите да постапува одговорно и етички и да не го загрозува интегритетот на изборниот процес, пишува вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење во техничката Влада, Славица Грковска во отвореното писмо до учесниците на изборите.

Read More