Author: Marija Todorovska
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седница одржана на 24 јануари годинава одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“.
ретседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори.
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на свечена седница го одбележа јубилејот 30 години од формирањето.
За половина година Царинската управа ги зголемила заплените за 30 проценти, во однос на истиот период минатата година приходите се за 10,3 отсто повисоки, а бележи и пораст на приходите од данок на моторни возила проценти. Исто така за 5 отсто повеќе пораснале приходите од акциза со што учеството во државниот буџет е за 43 отсто . Меѓу позначајните заплени се 66 илјади парчиња ризични лекови, што е една од најголемите бројки во историјата на Царинска управа во овој дел. Посериозни резултати се очекуваат и со започнување со работа на новиот Сектор за посебни истражни мерки, којшто освен со шверцот…
Поморскиот товарен сообраќај низ Суецкиот канал е намален за 39 отсто во последните два месеца, а обемот на транспортираниот товар за 45 отсто откако транспортот беше пренасочен поради нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови во Црвеното Море.
– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе достави укажување до Министерството за финансии за потребата од донесување нов закон за финансирање на политички партии, поради утврдени наоди во тек на предметот за спроведената јавна набавка од Министерството за надворешни работи поврзана со реконструкција на СЦ „Борис Трајковски“ за потребите за одржување на Самитот на ОБСЕ во ноември лани.
Постојаните напади врз инфраструктурата и студените временски услови во Појасот Газа ја направија палестинската енклава целосно непогодна за живеење, соопшти денеска канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.
Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови.
Факултетот за странски јазици во Тирана објави дека курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет, почнуваат на 5 февруари.
Радојка Хелман Денковска: Злото не познава историска димензија, меридијани и континенти. Холокаустот не е трагедија само на еврејскиот народ. Тоа е пропаст на хуманоста. Тоа не е само лекција од минатото, тоа е лекција која не учи како да ја сочуваме човечноста во секој еден од нас. За жал, ние денес ја плаќаме цената на ненаучената лекција од Втората свеска војна. https://novatv.mk/vo-mnr-odbelezhan-27-januari-denot-na-zhrtvite-na-holokaustot-da-ne-gi-zaboravame-zlostorstvata-za-da-ne-se-povtorat-nikogash-poveke/
Да не ги забораваме злосторствата од Холокаустот за да не се повторат никогаш повеќе. Сега е моментот да превенираме. 27 јануари е датум, кој треба да го паметиме исто како што треба да ја одржиме меморијата за страдањата на еврејскиот народ поврзани за Холокаустот и темната страна на поновата историја. Ова беше истакнато на денешниот традиционален настан што се одржа во Министерството за надворешни работи за одбележување на 27-ми Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.
Петер Стано: Петок за повеќето од нас е ден за почеток на викендот, но за Русите петок е ден на репресија. Во петоците вообичаено руските власти објавуваат нови листи на т.н. странски агенти. Русија го користи Законот за странски агенти за спроведување на лов на вештерки против своите граѓани, особено против оние кои се критички настроени кон режимот, етикетирајќи ги како предавници. https://novatv.mk/stano-so-zakonot-za-stranski-agenti-rusija-gi-krshi-osnovnite-prava-i-slobodi-na-svoite-gragani/?fbclid=IwAR2CGpOfj-KFhlGRXpuLTyzAIyidlTgVz_j08IQ09IFu8t7wA3WfQQNdOEQ













