Author: Marija Todorovska

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор. Тој посочи дека се одвиваат разговори чија цел е правење на коалиција меѓу политичките партии кои делат исти вредности и визија за државата, а тоа е Северна Македонија што поскоро да стане членка на Европската Унија.

Read More

Папата Франциск изјави дека е уверен дека критичарите на неговата одлука да дозволи благослов за истополовите парови на крајот ќе ги разберат тие благослови, освен Африканците кои се „посебен случај“, бидејќи за нив „хомосексуалноста е лоша од културолошка гледна точка“.

Read More

Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, популарни меѓу младите поради нивните овошни вкусови, но кои ги загрижуваат лекарите и здравствените власти, соопшти денеска владата во Лондон.

Read More

Доколку Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска на седница донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21 процент, тие ќе стапат во штрајк, на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе прима само документација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните лекари, за лековите за аптеки, за плати во јавно здравство, како и другите услуги, најави Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ.

Read More

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки на производи во вредност од 273 илјади денари, како и обид за нелегално изнесување на стока вредна 192 илјади денари, откриени при контрола на товарни моторни возила на влез и излез од државата во текот на изминатата недела. Воедно, спречен е и шверц на 100 шишиња Хелих плус колаген што патник сакал нелегално да ги внесе во државава.

Read More

Техничкиот премиер кој сега стапи на должност Талат Џафери денеска во однос на протестите поради одлуката за формирање на паралелка на албански јазик во училиште во Чашка, посочи дека во овој момент не може да каже што конкретно ќе преземе, но дека секој има право на она што му е пропишано во законот. Како што посочи, ќе бидат вклучени и ангажирани сите страни и сите надлежности кои се во Владата ќе се извршат, за да се најде соодветно решение.

Read More

Советот на ЕУ денеска усвои две регулативи со кои се предвидува постепена забрана на емисиите на гасови што содржат флуор, како флуоројаглеводородите, перфлуоројаглеродите и сулфур хексафлуоридот, но и на другите супстанции кои придонесуваат за глобалното затоплување и ја осиромашуваат озонската обвивка.

Read More

Министерството за образование и наука ги демантира информациите дека на иницијатива на Министерството за Владата ќе се зголеми двојно партиципацијата за студирање на државните високоообразовни установи на сите три циклуси на студии.

Read More

Јапонските власти денеска објавија дека го прекинуваат финансирањето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), поради израелските обвинувања дека некои нејзини вработени биле вклучени во нападот извршен од палестинското движење Хамас на 7 октомври минатата година.

Read More

Исламски отпор во Ирак, група од неколку вооружени ирачки милитантни фракции кои ги поддржува Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, каде вчера во напад со дрон на американска воена база загинаа тројца, а се повредени 34 американски војници.

Read More

Ненад Јовановиќ: Во основа, мојата генерација а и јас лично, пораснавме во „лева традиција“, поточно, немавме ниту некој голем избор во која традиција ќе пораснеме. Едноставно, сите сме пораснати во лева традиција. Со други зборови, пораснавме во култура на толеранција, разбирање; пораснавме во култура која нè учеше дека сите разлики се нормални, дека не е важно кој како се вика, кој е црн, плав, жолт, како зборува или политички мисли. И секое насилство го третиравме како екстремен исклучок. https://frontline.mk/2024/01/29/kako-stanav-do-denec-ili-protiv-desnicharskiot-vechen-rasizam/?fbclid=IwAR06pmjiYKt730-ggkLoHn-uWoLLGQG2iiUiyELcVdAkZRn-eNr21_vECxs

Read More