Author: Marija Todorovska
Никола Дујовски: Русија конвенционално ја нападна Украина, но неконвенционално ја нападна цела Европа, преку дезинформациите, со хибридните напади што се случуваа не само овде тоа се случуваше и во Франција. https://novatv.mk/dujovski-rusija-so-dezinformatsii-i-hibridni-napadi-ja-napadna-tsela-evropa/
Професорот и декан на Факултетот за безбедност Никола Дујовски во Студио на Слободен печат зборуваше за актуелните воени конфликти во светот, особено за руската агресија врз Украина и идните последици од неа.
Вкупно 39 години добија обвинетите во случајот „Ласкарци“ којшто се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.
Амбасадорот на Украина во Албанија Володимир Шукров изјави дека Самит за поддршка на Украина ќе се одржи напролет во Тирана, изразувајќи при тоа голема благодарност од име на неговата земја за континуираната поддршка што ја дава Албанија.
Општина Тетово воведува автобуски превоз за граѓаните до Попова Шапка за време на деновите од викендите, со цел граѓаните да можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Најавуаат дека ќе почне овој викенд, а повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари.
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано се огласи по барањето на косовскиот премиер Албин Курти, кој смета дека процесот на интеграција на Косово во ЕУ, посочувајќи дека интеграцискиот процес е директно поврзан со нормализацијата на дијалогот со Србија.
Во земјите на Европската унија (ЕУ) минатата година има забележителен пораст на онлајн образовните курсеви, па така 30 отсто од корисниците на Интернет во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години следеле онлајн курсеви или користеле онлајн материјали за учење, што е два процентни поени повеќе во однос на 2022 година, покажуваат податоците на Европската агенција за статистика – Евростат.
Џабир Дерала: Демократскиот Запад сѐ уште ѝ пружа рака на оваа земја, со конкретни чекори и недвосмислени пораки. Останува само уште да се види дали протагонистите во оваа белешка ќе ги напуштат своите идеолошко политички стопани и ќе се свртат кон подобрата, европска иднина на земјата. Или срцата ќе им останат заробени во сибирската ледена пустина. https://civilmedia.mk/megu-evropskata-idnina-opsesijata-i-tapanot-na-putin/
Анџела Агелер: Она што е најважно како што се движиме во кон овој изборен период е граѓаните на оваа земја да поставуваат прашања за кандидатите и да ги земат предвид нивните приоритети, кога ќе гласаат. Тоа за мене е најважно и секако да се едуцираат себе си за процесот и за кандидатите, без разлика кој би можел да се меша, тоа е најважната алатка која ја имаат. https://novatv.mk/ageler-najvazhno-za-graganite-e-dobro-da-se-edutsiraat-za-protsesite-i-kandidatite-za-pretstojnite-izbori/
Димитар Ковачевски: Ниеден човек не се родил ниту да биде претседател, ниту да биде пратеник, ниту да биде градоначалник, тоа е нешто што му припаѓа како чест во текот на неговата професионална кариера. Јас ја имав таа одговорност и таа чест да ја водам Владата во едно исклучително време, во време на многу и меѓународни турбуленции, меѓутоа пред се на економски турбуленции предизвикани од војната во Украина. Сметам дека се грижевме за сите. Сметам дека обезбедивме се она што беше да ги задржиме работните места. https://novatv.mk/kovachevski-lichno-ja-dostavi-ostavkata-do-sobranieto-popladnevo-se-ochekuva-ostavkata-od-pretsedatelot-na-sobranieto/
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер денеска изјави дека таа нема конкретни сознанија за евентуално руско влијание во претстојниот изборен процес, иако, како што рече, тоа генерално е присутно во регионот, но напомена дека најважно за граѓаните за претстојните избори е добро да се едуцираат за процесот и за кандидатите, кои ќе учествуваат во него.











