Author: Marija Todorovska
На подрачјето на Европската Унија во 2023 година се испуштени осум отсто помалку јаглерод диоксид од фосилните горива споредено со годината пред неа, што е најниско ниво во последните 60 години, пишува „Гардијан“.
„Раст на платите во културата немаше повеќе од 20 години. 20 години не беше обрнато внимание на тоа и кога зборуваме за влоговите во културата, тоа е еден од најголемите. Потпишувањето на колективниот договор во 2019 година овозможи раст на платите во култура за повеќе од 43 отсто и гарантира постојан раст, односно усогласување со растот на минималната плата на годишно ниво“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на конференцијата „Година на европски можности“.
„Градежништвото во овој период доживува рестарт и тоа го кажувам поради градежната реформа. Новиот пристап и принцип на градење со проектирање и градба кој се промовира и работи на терен дава резултати“ рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на конференцијата „Година на европски можности“.
„Околу целата компликација што треба да се случи неделава во четврток, односно нова Влада, има политички и правни проблеми бидејќи не е едноставно како да се изгласа таква Влада, не само во политичка смисла дали ќе бидат празни местата, туку што предвидува законот за тоа. Мислам дека е срамота да предложиш свои министри а да не изгласаш таква Влада, тоа е една евтина пропагандистичка позиција која во моментот ВМРО-ДПМНЕ ја практикува. Го проблематизираат Талат Џафери кој беше министер за одбрана во нивната Влада и тогаш не им беше проблем. Сега нешто им е проблем“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на одбележувањето на подготвителните активности за изградба на Лидл логистички и дистрибутивен центар во Северна Македонија во индустриската зона Речица во близина на Куманово, каде имаше и свое обраќање.
Асоцијацијата на млади претприемачи -ТИМ при Стопанската комора на Северна Македонија бара од политичарите предвидливост, концепт и визија во која насока ќе се движи државата во следните 10 години.
ВОЈО МАНЕВСКИ / Цивил Медиа Народните изреки или мудрости се настанати од искуство. Многупати нешто се повторувало, па народот тоа го запамeтил како правило. Проблемот на некои наши политичари е што сметаат дека правилата постојат за да се кршат.
На 28 јануари ќе биде закажана седницата за избор на техничката влада, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е мандатар на техничката влада, оставки ќе поднесат утре, со што почнуваат и крајните рокови за составување на преодната влада, која се носи сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај. Џафери денеска на средба со новинарите објасни како ќе течат постапките, но исто така рече дека ако има предлози нема пречка министрите на ВМРО-ДПМНЕ да…
Предлогот за кандидатот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд е повлечен, согласно тоа беше исцрпен дневниот ред од 13. седница на Комисијата за избор и именувања и расправата во Собранието на Република Северна Македонија заврши.
САД сакаат да ја видат Северна Македонија што поскоро во Европската унија, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер.
Ненад Јовановиќ: Северна Македонија не може и не смее да го бира „Рускиот пат“. Изборот на земјата е или Европска унија или пропаѓање и раскапување; грубо речено, ова се нашите две опции ставени на маса, останатото е пазарџиско под(ј)ебавање. https://frontline.mk/2024/01/24/ili-evropa-ili-e-propadneme-treto-nema/
Димитар Ковачевски: Овие избори нема да бидат избори меѓу левица и десница. Овие избори ќе бидат меѓу Западот и Истокот. Во 2024 година такви ќе бидат изборите. Вообичаено во светот изборите се со централно-левичарски партии и централно-десничарски партии. Кај нас ќе има избори на кои ќе се соочат политичките партии кои се западно ориентирани и партиите кои се источно ориентирани. https://frontline.mk/2024/01/24/me-u-istok-i-zapad-poziciite-na-vmro-dpmne-praktichno-se-antievropski/













