Author: Zoran Ivanov
Русија и Украина ослободија по 175 воени заробеници пред почетокот на најавеното велигденско примирје, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Американските астронаути Реид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен се вратија на Земјата. Капсулата на мисијата „Артемис 2“ помина низ Земјината атмосфера и безбедно слета во Тихиот океан по речиси 10 дена во вселената.
Командантот на германската копнена војска Кристијан Фројдинг за време на посетата на БиХ порача дека стабилноста на Балканот останува директно важна за безбедноста на Европа.
Венко Филипче: Наместо како премиер кој треба да ја води државата кон напредок, тој се однесува како уредник на жолт печат. Не се фокусира на решавање на клучните проблеми, туку на тендери и на теми кои не се од интерес на граѓаните.
Ако основниот модел направи грешка, на пример, измисли неточна информација, даде погрешен совет или донесе лош заклучок, второстепената компанија нема целосна контрола врз тоа однесување.
Тирана: Амбицијата на Албанија брзо да се приклучи на Европската Унија би можела да има значителни несакани ефекти врз управувањето и јавната доверба.
Берлин: Штрајкот на кабинскиот персонал во германската авиокомпанија „Луфтханза“ предизвика откажувања на летови и го наруши патувањето на илјадници патници низ Германија.
Рускиот претседател Владимир Путин објави еднострано примирје за православниот Велигден, кое е предвидено да трае од 16 часот во сабота, 11 април, до крајот на недела, 12 април.
Денко Малески: На покана на премиерот, претставници на власта, црковните великодостојници, бизнисмените и новинарите се собраа на ручек во хотел „Хилтон“ во Скопје, по повод христијанскиот празник Велигден. Недостасуваа само претставниците на сиромасите. Оти, да не заборавиме, прославата е во чест на „Исус, шампионот на сиромашните“. И повеќе од тоа: Исус Христос е еден од тие сиромасите.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и Гренланд за иднината на островот, со фокус на ограничување на влијанието на Русија и Кина на Арктикот.















