Author: Zoran Ivanov
Иран воведе ограничување на поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина, дозволувајќи премин на максимум 15 бродови дневно – потег што може да има сериозни последици врз глобалните енергетски пазари.
Мисијата „Артемис II“ на НАСА завршува. Слетувањето на екипажот, астронаутите на НАСА Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен, според планот, треба да биде утре, еден час пред полноќ по макeдонско време, покрај брегот на Сан Диего.
Поради рударските операции во „Крстов Дол“ има зголемено ниво на тешки метали во водата, при што Sb (антимон) достигнува пет пати поголема вредност од препорачаната од Светската здравствена организација кај вдлабнатините и под браната за јаловина.
Навредите на Ѓорѓиевски кон советникот во однос на неговата „психичка состојба“ наидоа на воодушевување кај неговите гласачи вмровци. Демек, браво градоначалник, така треба! Дали навистина така треба? Дали Ѓорѓиевски е градоначалник на сите скопјани или само на приврзаниците на неговата партија?
Од утре, петок, стартува ЕЕС системот на Европската Унија за биометриска проверка на патници при влез во Шенген-зоната, со што значително се менуваат правилата на граничните премини.
ВЛЕН молчи на понижувањата кои ДПМНЕ и ЗНАМ им го приредуваат на Албанците веќе две години. Исто како што Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски молчат пред понижувањата кон Северна Македонија и историјата на македонскиот народ која ни ја приредува авторитарниот режим на Вучиќ и државата Србија. Страв од посилниот, ароганција и сила кон послабиот е заедничкиот принцип на владеење на сите партии од оваа власт.
Венс, на предавањето пред студентите во Будимпешта, истакна дека примирјето со Иран е успех на „американската решителност“ и оти САД 14 месеци работат на постигнување на мировен договор помеѓу Москва и Киев и оти е постигнат „значителен успех“.
На Велигден се поздравуваме со поздравот “Христос воскресе!”, а возвраќаме со поздравот “Навистина воскресна”. Велигден е празник над празниците, центар на православната вера. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта. Велигден и празниците поврзани со него секоја година паѓаат на различен датум. Пред одбележувањето на најголемиот христијански празник, претходи четириесетдневен пост. Постот претходи на Велигден, но на него се надоврзува последната седмица пред Велигден која се нарекува Страсната седмица. Таа почнува од Лазарева сабота и Цветници, кои се врзани празници. Овие два празника всушност се влез во Страсната седмица. За верниците, периодот пред празникот претставува патување…
Белата куќа дополнително ја заостри својата реторика кон своите сојузници, обвинувајќи го НАТО дека „му го свртел грбот“ на САД во услови на меѓународната криза околу војната со Иран.
Не случајно се повикува таа оглупавена маса да чека гаранции, ако треба и со децении. Мислам дека тоа е премногу комотен период на распаѓањето. Тој има психолошка смисла: сугерира отпорност кон времето и критериумите на светот, а всушност обезбедува многу покус рок на живот со болеста на вмро. Секој добар политички доктор тоа ќе ви го каже. Бранко Тричковски Повеќе пати се ободувам да ја отворам темата за вистината за вмро како политички концепт на себе како мит. Таа вистина е многу важна, ако не и најважна, затоа што ќе ни каже дека мисијата на тие што ги водат процесите,…
Од печат излезе книгата „Да живее Долна Дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски – театарски и филмски актер, режисер и сценарист, комедиограф, писател и раскажувач.















