Author: Zoran Ivanov
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментираше на неодамнешната заплена на значителна количина дрога во областа на Крушевац, која била дојдена од Македонија. Тој истакна дека некои делови од јавноста и политичките актери се обидуваат да замаглат секој успех на државата, претставувајќи го во негативно светло.
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
Иран денеска го засили предупредувањето до Вашингтон, заканувајќи се со регионална војна доколку САД започнат воена акција, објавија светските агенции.
Зоран Иванов: Некојси газда градежник од Битола удрил математика по Фејсбуков дека немало теорија да им дава по 600 евра плата на своите 5-мина работници, неисплатливо било и фирмата ќе му банкнотирала.
Повлекувањето на Сашко Кедев од здравствениот совет на Министерството за здравство е голем скандал. Се разоткрива и целото сценарио против претседателот Филипче.
Финале на првиот Гренд слем тениски турнир Австралија опен го донесе новиот шампион – Карлос Алкараз кој во 4 сета го победи Новак Ѓоковиќ со 3 спрема 1 во сетови – 2:6, 6:2,6:3 и 7:5.
Украина е подготвена за суштинска расправа и сме заинтересирани исходот од разговорите да придонесе за вистинско и достоинствено завршување на војната, порача украинскиот претседател.
На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци – „Безбеден град“. Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци – непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.
Странка на демократска акција на Македонија организираше трибина на тема “Предизвиците на Северна Македонија во 2026 година”, на која свое излагање имаше претседателот на партијата, Џелал Хоџиќ.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа упати сериозни критики за работењето на актуелната власт, посочувајќи дека државата се движи во погрешна насока, со длабоки системски проблеми, криминални практики и опасна меѓународна изолација.
Украина и Русија денеска ќе одржат директни разговори во Абу Даби во обид да се најде решение за завршување на војната што трае речиси четири години, јавуваат агенциите.
Володимир Зеленски изјави дека Украина сè уште чека дополнителни информации од Соединетите Американски Држави во врска со понатамошните мировни преговори и дека очекува нови состаноци да се одржат следната недела, пренесува Ројтерс. Изјавата на Зеленски, дадена за време на неговото редовно вечерно обраќање, сугерира дека состанокот закажан за утре во Обединетите Арапски Емирати меѓу претставници на Украина, Русија и САД најверојатно нема да се одржи. Трите страни одржаа рунда разговори пред една недела. „Во постојана комуникација сме со американската страна и очекуваме точни детали од нив во врска со понатамошните состаноци“, рече Зеленски. Тој додаде дека Украина е подготвена да учествува…















