Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хоџиќ: Земјата е во општествена криза и време е за демократска акција

0
By Zoran Ivanov on February 1, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 1, 2026 11:34

Странка на демократска акција на Македонија организираше трибина на тема “Предизвиците на Северна Македонија во 2026 година”, на која свое излагање имаше претседателот на партијата, Џелал Хоџиќ.

Хоџиќ, во своето обраќање истакна дека поради блокираните евроинтеграции на државата, авторитарните тенденции на власта, лошата економска состојба проследена со огромните задолжувања во милијарди евра, негативното влијание на „српскиот свет“, власта со неодговорната политика Северна Македонија ја внесе во општествена криза.

Владата со надворешната политика ја изолира Северна Македонија од демократскиот свет, а сето тоа го прави во целосна координација со авторитарните режими на Орбан и Вучиќ, познати како главни прокси “играчи“ на Путин во ЕУ и на Западен Балкан.

Сметаме дека власта со досегашното владеење покажа дека нема политичка волја да направи уставни измени и да го продолжи европскиот пат на државата. Власта покажа и дека нема капацитет да направи целосни реформи во повеќе области, со кои би се подобрил животниот стандард на граѓаните.

Владејачкото мнозинство ја игнорира потребата за усвојување измени и дополнувања во законите, со кои на сите оние политичари кои се наоѓаат на “Црните листи“ на САД, ЕУ и Велика Британија времено би им престанала функцијата, како и на оние бизнисмени кои се наоѓаат на истите “Црни листи“, на нивните компании времено би им се забранило да учествуваат на тендери распишани од јавни институции на државно и локално ниво.

Сметаме дека негативните резултати од неодговорното владеење веќе пристигнуваат, како и дека последиците од нив граѓаните веќе ги чувствуваат. Убедени сме дека во периодот кој доаѓа, за жал, последиците по државата и граѓаните ќе бидат уште поголеми.

СДА Македонија во следниот период ќе почне теренска кампања, која предвидува редовни средби со граѓаните со мото “Време е за демократска акција!“. Кампањата има цел, заедно со граѓаните да проговориме за проблемите кои неодговорната власт ги игнорира и заеднички да ги побараме најдобрите решенија.

Ги повикуваме сите демократски чинители во општеството, кои во својата визија Северна Македонија ја гледаат како членка на ЕУ, да почнат сериозни разговори за последиците од изолацијата на државата. Сметаме дека е потребно обединување на напорите на сите прозападни сили, без разлика на етничката припадност и моменталниот политички распоред, за државата да се врати на европскиот пат, рече Џелал Хоџиќ.

акција демократска СДА Хоџиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.