Author: Zoran Ivanov
Секој ден ќе бидеме пред Влада додека не ја постигнеме целта, а тоа е зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за 6.000 денари, порача денес од пред Владата Иван Пешевски од ССМ.
Земјата ги трпи последиците од изгубениот политички компас на власта. Клучните теми за општеството не се на дневен ред. Надежта не го фати крстоти оваа година. Љубомир Костовски Kога започнав со студиите и кога филмот ми беше примaрна преокупација се сретнав со новотo дело на германскиот режисер Фасбиндер, тогаш во зенитот на славата, под наслов „Трговецот на четирите годишни времиња“. Неговата премиера не се случилa во некое блескаво кино, туку во париската Кинотека, просто како одраз на идејата на авторот кој одбегнуваше ситуации во кои има многу светло и блесоци на папараците. Фасбиндер сними филм за тоа како некој, кога нема…
Љубомир Костовски: Ако некој ја гледал дебатата во живо на ТВ 24 вести со Анета Додевска како водител, можел да увиди каде лежи зајакот во однос на тоа каде обединетите сили на Комората и државата, плус т.н. Конфедерација на синдикати како тројански коњ што Мицкоски го воведе на сцената на сила, одат кон – легализација на платите на црно.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера, одговарајќи на новинарски прашања, откри дел од неговата агенда на Светскиот економски форум во Давос, но и детаљ кој досега не беше познат. Премиерот рече дека во Давос „не бил статист“ и дека не стоел по ходници за да бара „селфи“ со учесниците, туку и самиот учествувал на три панел-дискусии, меѓу кои и една организирана од угледниот британски тинк-тенк „Четам хаус“ (Chatam House).
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање посочи дека меѓународната позиција на државата е загрижувачка, а власта со своите политики ја води земјата кон изолација. Филипче укажа дека изостануваат конкретни резултати на надворешен план.
Опозициските партии Левица и Социјалдемократакиот Сојуз на Македонија (СДСМ), го поддржуваат денешниот протест на работниците и Сојузот на синдикати на Македонија.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.
Украина нема да прифати формални и суштински бесмислени безбедносни гаранции од западните земји, бидејќи го смета прашањето за одбрана од потенцијална агресија за неразделен дел од секој иден мировен договор, изјави амбасадорката на Украина во НАТО, Олена Хетманчук.
Сопругата на соборениот поранешен јужнокорејски претседател, Ким Кион Хи, е осудена на 20 месеци затвор за примање мито од контроверзната Црква на обединување. Судот, исто така, ја ослободи 52-годишната Ким од обвиненијата за манипулирање со цените на акциите и прифаќање бесплатни анкети на јавното мислење пред претседателските избори во 2022 година, на кои победи нејзиниот сопруг, Јун Сук Јеол, објави Би-Би-Си.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се најде под остри критики од европски политичари откако изјави дека Европската Унија не може да се одбрани без Соединетите Американски Држави и дека секој што мисли спротивно „може да продолжи да сонува“.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска го одбележа 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот.
Од аспект на политичката етика, премолчувањето на имот во анкетен лист не е само „административен пропуст“. Тоа е свесен чин на прикривање на материјалната моќ која во тој момент не можела да биде легитимно оправдана пред очите на јавноста. Ако часовниците се купени во 2015 и 2016 година или потоа со „пари од практицирање државна функција“, зошто нивната инвентаризација во институциите доцни цели осум години?















