Author: Zoran Ivanov
Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс, фаворит за тендери во општините под контрола на ВМРО.
Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија во трговијата, во безбедноста и во врските меѓу луѓето, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по завршувањето на Самитот ЕУ-Индија во Њу Делхи.
28 јануари е денот кога работниците зборуваат, овој протест е за вашите плати кои не стигнуваат од први до први, овој протест е поради неправдата, затоа што тие земаат десет пати поголема плата од вашата, истакна денес на прес-конференција претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги поддржува актуелните барања на дел од поголемите синдикатите и ќе се вклучи на протестот закажан за 28 јануари 2026 година.
Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи многу жители на студ уште една ноќ и без струја. Најмалку 30 смртни случаи се регистрирани во државите погодени од екстремниот студ, објавува АП.
Кога на новиарите и на медиумите им се укажува на заблудата дека не станува збор за мешање во уредувачката политика, туку на потребата од осуда на константна употреба на навреди кон политичка партија и на лични навреди кон нејзиното раководство, тие ослепуваат од илузиите на нивниот реактивен ум дека се претвораат во бедем на слободата на искажаниот збор. А кога саморегулацијата, создадена да го штити јавниот интерес и професионалната етика, се претвора во алатка за политичка пресметка, тогаш не сме сведоци на грижа за Кодексот, туку на обид да се дисциплинира критиката. Да се замори. Да се исплаши. Да се…
Штетата нанесена на демократските општества и на долгогодишните стратешки сојузи за време на претседателствувањето на Доналд Трамп изгледа немаше потреба да се предизвика од операции со шпионажа, сајбер напади или кампањи за влијание. Трамп нанесува штета отворено и намерно, пред јавноста, од самиот центар на западната моќ.
Од депресивната состојба не може да се извлече ништо што е достојно за спомен. На кого и на што да се сеќаваме, а тоа да не е зло, од крвавото собрание, до коњските свињарии кон Мечкин камен, од отворањето на експресни патишта на кои ќе гинат луѓе и полицајци, до Диво насеље со луѓе што како глинени голуби ќе ги испрати премиерот лилно. Бранко Тричковски Оној што ќе го зафати депресија е осуден на сиромаштво затоа што за него се прекинува натамошното патување и хоризонтот имплодира. Секој психоаналитичар би сакал на својот кауч да легне еден Македонец. Или Македонка. Она…
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека го испраќа својот граничен комесар, Том Хоман, во Минесота, по протестите за време на викендот, кога беше убиен уште еден американски државјанин од страна на имиграциски агенти во државата, објави Си-ен-ен.
Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени кажа дека тој и брат му Андреј, кој загина во пожарот, работеле непријавени, во дискотеката и претходно се користеле запаливи средства за забава, дека имало само еден влез/излез за гостите и дека имало малолетни лица.
Најсилниот доказ дека реалноста не одговара на владиниот наратив е токму Доналд Трамп. Ако навистина постоеше таа „блискост“, логично е да се постави прашањето: зошто немаше средба? Зошто немаше покана? Зошто Македонија повторно остана надвор, додека соседите Албанија и Косово беа внатре?















