Author: Zoran Ivanov
„Малку е веројатно дека ќе видиме авиони со екипаж како испуштаат ракети со краток дострел или бомби со слободен пад, бидејќи (веројатно) тоа ќе биде оценето како премногу ризично“, рече Лејтон. Иако САД обично имаат носач на авиони на Блискиот Исток, од понеделникот најблискиот носач на авиони, УСС Абрахам Линколн, беше оддалечен илјадници милји во Јужното Кинеско Море.
Oмилената фирма во тендерските шеми на ВМРО – Пирамид билдинг солушнс доставила барање до Антикорупцискиот тим на СДСМ да се извини поради наводно „нарушување на угледот“.
Андреј Жерновски: Браво за Мицкоски!
Марибор: Според неслужбени информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила експлодирала цистерна. Мариборската полициска управа потврди дека во несреќата биле повредени две лица, а едно лице починало.
Лос Анѓелес: Капсулата за екипаж од четири лица од Меѓународната вселенска станица (МВС), која ја прекина својата мисија во орбитата поради сериозна медицинска состојба на еден од астронаутите, безбедно слета на Земјата во четврток во морето покрај Калифорнија.
Софија: Илјадници граѓани излегоа на улиците на Софија барајќи „фер и чесни избори“ и целосна транспарентност при броењето на гласовите, со помош на специјализирани скенери.
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи. Кажа дека се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи.
Иако Трамп го нема, спотот започнува со говор на американскиот актер и комичар Роб Шнајдер, кој на изборите во САД во 2024 година прво го поддржа Роберт Кенеди Џуниор, сега министер за здравство, а потоа и кандидатот на републиканците, Доналд Трамп.
Дипломатскиот „студен туш“ од Вашингтон за Скопје доаѓа во моментите на историски најблиските односи на САД и Македонија, додека трае прошталната турнеја на амбасадорката Анџела Агелер и кога нашиот премиер Христијан Мицкоски е во „периметарот на луѓето од најтесното опкружување на претседателот Трамп“.
Драги Ѓорѓиев: При евентуални турбулентни и неизвесни политички, па и воени настани (што не е неверојатно), таквата Македонија е лесно делива, согласно сферите на влијанија кои, се чини, се исцртуваат во овој момент. Колку ова и да изгледа неверојатно, во контекст на настаните во највисоката меѓународна политичка сцена таквото сценарио не е ниту невозможно, ниту неизводливо.
Москва ги поддржа изјавите на Доналд Трамп, кој во интервју за „Ројтерс“ одговорноста за продолжувањето на конфликтот му ја припиша на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Скај њуз“.
Бранко Тричковски: … Трето, “Во однос на историските недоразбирања, на многумина и овде и таму, им е јасно дека компромисот меѓу Македонија и Бугарија лежи во прифаќање на сегашната реалност од бугарска страна и во похрабро и поотворено соочување со минатата реалност од македонска страна.” Ова е клучно! Ние треба да се соочиме со историјата, а Бугарите со сегашноста. Мислам дека нам ќе ни биде потешко, Со вмро и невозможно. Кога ќе успееме да разбереме дека нашата историја е сегашноста, ќе можеме да го разбереме промакедонскиот став на Софија и антимакедонскиот на Скопје под окупација на вмро! Извор: Фејсбук















