Author: Zoran Ivanov
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида.
Руската влада го овласти Министерството за одбрана да ги раскине постојните воени договори со Бугарија и десетина други земји-членки на НАТО. Одлуката беше објавена на официјалниот портал на руската влада за правни акти.
Израелските власти одобрија создавање на 19 израелски населби на Западниот Брег, со што вкупниот број на населби што добиле зелено светло во последните три години се искачи на 69, според официјалното соопштение објавено денес, пренесува Ле монд.
СДСМ обвини дека власта нема средства за мерки против загадениот воздух, иако Скопје, како што наведуваат, е втор најзагаден град во Европа, додека истовремено се трошат милиони евра на, како што тврдат, наместени и криминални тендери.
Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови.
Полскиот претседател Карол Навроцки му подари на украинскиот лидер Володимир Зеленски книга за Волинскиот масакр од Втората светска војна, извршен од украински нацистички соработници, според медиумите и сликите што циркулираат на интернет. Масакрот останува еден од најгорчливите и најнерешени историски спорови меѓу Варшава и Кијив.
Постигнат е напредок во спроведувањето на планот за Појасот Газа презентиран од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави во саботата специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф, пренесува Дејли газет.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Антикорупцискиот тим на СДСМ, како што денеска истакнаа од партијата, продолжува да изнесува факти и докази за поврзаноста на ВФМРО-ДПМНЕ со Алта Банка како и за сомнителното преземање на Стопанска банка АД Битола.
Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34-ти Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност и јавно образложение зошто одредени лица досега не се опфатени со постапка. Исто така, тие испратија порака до новиот државен јавен обвинител – да се преиспита целокупниот предмет од самиот почеток, од денот на трагедијата, како што рекоа, за да се утврди кој знаел, кој дозволил, кој премолчел и кој не постапил.
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на денешниот партиски Конгрес во Скопје најави иницијатива за нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години. Како дел од предлогот, Ахмети се заложи и за воведување на таканаречен „извршен Бадентер“ при избор на Владата, примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд, како и нова фаза на функционална и фискална децентрализација.















