Author: Zoran Ivanov
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека измените на Законот за странци, усвоени во септември оваа година, претставуваат „нов доказ за вистината“ за која, според неа, владејачкото мнозинство се обидува да воведе цензура.
Држава во која кокошки ја водат надворешата политика, сервисирани од скрежови во медиумската сфера, а лигњи и чавки економската и финансиката, е остра ножица со кој се сечат идентификациските врски на луѓето со Македонија.
Кон книгата „Кафеана на крајот и на почетокот од Универзумот“ од Валентин Нешовски Рецензија на Отец Теофан (Мијалковски) Нешовски за книгава заслужува промотор од рангот на Нил ДеГрас Тајсон, за елоквентно да образложи во кој сегмент од делото пишува теоретски како професор од МИТ, каде се однесува како научник од ЦЕРН, а каде како астроном на НАСА, кој преку телескопот Хабл ѕирнал до најоддалечените ќошиња на галаксијата. Друг подеднакво вреден промотор би бил Џон Клиз или Мајкл Палин, па од прва рака да чуете за хуморот во книгата кој толку многу соодветствува на Даглас Адамсовиот. Историјата на човештвото познава мноштво…
Кинескиот сопственик на „Тик-ток“, компанијата „БајтДенс“, потпиша обврзувачки договори со американски и глобални инвеститори за преземање на мнозински удел во неговиот американски бизнис, потврди извршниот директор на „Тик-ток“, Шоу Зи Чу, пред вработените. Договорот би ги прекинал долгогодишните напори на Вашингтон да ја принуди „БајтДенс“ да ги продаде своите американски операции поради загриженост за националната безбедност, пишува Би-би-си.
Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците на главниот град Софија и другите градови во Бугарија за да бараат фер избори и независно судство кое може да се бори против широко распространетата корупција.
Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во рамки на вчеразапочнатиот Самит рано изутринава постигнаа договор за начинот на финансирање на Украина за 2026 и 2027 година преку кредит за кој средства ќе бидат обезбедени врз основа на задолжување на Унијата на пазарите на капитал, поддржано од нејзиниот долгорочен буџет.
Министрите и одговорните во државната управа ќе бидат ,,амнестирани” за несовесно работење во службата!?
Белгија е длабоко загрижена дека би можела да остане изложена на правни и финансиски ризици, а слични резерви изразија и други земји, вклучително и Италија на самитот во Брисел за финансирање на воените напори на Украина.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти дека рускиот ракетен систем „Орешник“ пристигнал во Белорусија и веќе е ставен во состојба на борбена готовност.
Преговорите меѓу европските лидери на Самитот на ЕУ за финансирањето на Украина продолжуваат, при што расте надежта дека е можен договор во текот на ноќта, брифираат дипломатски извори.
Иако е вратен ставот пет – за злоупотреби на јавни набавки – сепак, во предлогот сега тој е поблаг од оној во стариот кривичен законик, каде што за злоупотреби при јавни набавки се предвидуваше казна од најмалку пет години. Овој член во КЗ, кој важеше со години, пред 2023 година гласеше: „Ако делото од сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години“.
Володимир Зеленски ненајавено допатува во Брисел. Украина ќе се соочи со финансиски тешкотии ако не обезбеди финансирање.















