Author: Zoran Ivanov

Собранието денес едногласно го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Од 82 пратеници кои гласаа, сите 82 му дадоа поддршка, со што Чучуљ на чело на Антикорупциска стапува со редок политички консензус околу неговото име.

Read More

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американската делегација, во која се вклучени специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, која требаше да се одржи во Брисел, е откажана, дознава „Кијив пост“.

Read More

СДСМ најави дека ќе ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија и лично да се запознае со, како што тврдат од партијата, сериозни малверзации со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, за кои ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Read More

Ана Чупеска: Политичките оставки, особено колективните, може да бидат доживеани како морален чин во јавноста, што е легитимна перцепција. И тоа е добро! Меѓутоа, од суштинско значење е да се разгледа целта и политичката јасност на ваквиот потег. Изостанува најкритичниот чекор – утврдување одговорност за изборниот резултат.

Read More

Советот на Европската Унија и Европскиот парламент постигнаа договор за регулатива со која се воведува правно обврзувачка, фазна забрана за увоз на руски течен природен гас (LNG) и гас преку цевководи, со целосна забрана што ќе започне кон крајот на 2026 година и есента 2027 година, соодветно.

Read More

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди постоење на усогласено однесување (картел) помеѓу десет осигурителни компании на пазарот на осигурување од автомобилска одговорност (АО), кое секој сопственик на моторно возило задолжително мора да го плати при регистрирање на возилото.

Read More

Сакараменто: Рускиот астронаут Олег Артемјев е отстранет од главниот екипаж на мисијата „Кру-12“ на „Спејс икс“ до Меѓународната вселенска станица (ISS) по обвинувањата дека фотографирал класифицирана технологија, што ги крши американските прописи за контрола на извозот. Неговото место го зазеде колегата од „Роскосмос“, Андреј Федјаев, како што објави порталот „Инсајдер“.

Read More

Земјоделците од северниот дел на Грција, од регионот на Пеонија, кусо по 12 часот по локално време повотрно го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што целосно е во прекин сообраќајот за сите возила како за излез од Грција, така и за влез во земјата.

Read More

Скопскиот Апелациски суд ја поништи забраната за штрајк на контролорите на летање во претпријатието во државна сопственост М-НАВ. Синдикатот на контролорите на летање може да го реализира штрајкот кој беше закажан за 20 октомври, меѓу двата изборни круга.

Read More

Украински и европски функционери го обвинија рускиот претседател Владимир Путин дека лажно се интересира за мировните напори откако петчасовните разговори со американските претставници во Кремљ не донесоа напредок и компромис околу Украина. Кремљ притоа кажа дека делови од предложениот мировен план се неприфатливи за Русија.

Read More

Бараме Јавното обвинителство да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Read More

Белгиските власти ги ослободија од притвор поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, висок функционер на Европската Комисија, Стефано Санино и уште еден осомничен, откако тројцата беа сослушани во рамки на корупциска истрага. Засега не се поднесени обвиненија, а ослободувањето е образложено со тоа што не се смета дека постои ризик од бегство, пренесува Euronews.

Read More