Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кремљ негира дека Путин го отфрлил мировниот план за украина, вели дека нешто било прифатено

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 3, 2025 12:34

Украински и европски функционери го обвинија рускиот претседател Владимир Путин дека лажно се интересира за мировните напори откако петчасовните разговори со американските претставници во Кремљ не донесоа напредок и компромис околу Украина. Кремљ притоа кажа дека делови од предложениот мировен план се неприфатливи за Русија.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Путин треба да престане да го троши времето на светот.

Путин вчера се сретна со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер и иако деталите од разговорите не се објавени, Русија кажа дека некои американски предлози изгледаат прифатливо, а некои не ѝ одговараат.

Не би било коректно да се каже дека претседателот Путин ги отфрлил американските предлози за мир за време на вчерашните разговори со Виткоф и Кушнер.

Вчера за првпат се случи директна размена на мислења. Нешто беше прифатено, нешто беше означено како неприфатливо. Ова е нормален работен процес и потрага по компромис, рече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, одбивајќи да навлегува во детали.

Планот првично се состоеше од 28 точки, но по критиките од Кијив и европските земји дека ја фаворизира Русија и ѝ дава премногу отстапки, беше ревидиран и намален на американско-украинските разговори во Женева.

Виткоф и Кушнер денеска се во Кијив за да ја известат Украина за разговорите во Москва, додека министрите за надворешни работи на членките на НАТО се на средба во Брисел. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека партнерите на Украина ќе продолжат да праќаат воена помош за да се одржи притисокот врз Москва.

Мировните преговори се во тек. Тоа е добро. Но, во исто време, мора да се осигураме дека Украина е во најсилна можна позиција да продолжи со борба“, рече Руте, предупредувајќи дека Русија се подготвува за долготрајна конфронтација со Европа.

Канада, Германија, Полска и Холандија објавија дека ќе издвојат дополнителни стотици милиони долари за купување американско оружје за Украина.

 

Кремљ нешто отврли план прифатено Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.