Author: Zoran Ivanov
Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле, се невадува во соопштението.
Двајца припадници на Националната гарда, Сара Бекстром (20) и Ендру Волф (24), се во критична состојба откако синоќа беа застрелани во близина на Белата куќа во Вашингтон.
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, предупреди дека фискалните показатели објавени на 25 ноември 2025 година откриваат сериозен јаз во приходната реализација на Буџетот.
Турскиот претседател Таип Ердоган денеска го пофали ставот на папата Лав за палестинското прашање по состанокот во Анкара и изрази надеж дека неговата прва странска посета како католички лидер во време на тензии и неизвесност ќе му користи на човештвото.
Па уште на почетокот на судењето веќе е јасно дека ова ќе биде едно долго и мачно, но спектакуларно судење, обременето со голем број обвинети, во преполна судница и со обвинение и докази што постојано ќе се спорат. Судење што ќе ги изморува семејствата и кое ќе им покажува дека се немоќни пред системот што само се обидува да се пресмета со минатото и ќе им дава лажна надеж дека правдата ќе ги стигне виновниците. Но, тоа ќе биде и една популистичка правда во емотивно наелектризирана атмосфера.
Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од основното училиште Димо Хаџи Димов од скопско Влае. Синоќа во детската клиника во Скопје биле примени нови 3 ученици со слични симптоми како останатите дијареа, повраќање и покачена телесна температура.
Копенхаген: Данската влада воведе специјална ноќна смена во Министерството за надворешни работи со цел континуирано следење на изјавите и активностите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Бројот на загинати во разорниот пожар што зафати блок станбени згради во Хонг Конг се искачи на 75, а повеќе од 300 луѓе се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. За погодените е обезбедено привремено сместување и парична отштета, а се подготвува и официјално барање до Пекинг за дополнителна техничка и човечка помош.
Европскиот парламент денеска ја усвои Резолуција за ставот на ЕУ во врска со предложениот план и ангажманот на Унијата за праведен и траен мир за Украина, а ги поддржа за новите правила за лобистите што застапуваат интереси на трети земји.
Асгин Тунџа, имам во Сината џамија кој ќе го прими папата, изјави дека посетата ќе помогне да се унапредат христијанско-муслиманските врски и да се отфрлат предрасудите за исламот.
Уставниот суд информира дека не е поведена постапка за линеарните покачувања на пензиите во два наврати од по 2.500 денари, но не го споменува линеарното зголемување од 1.000 денари кое важеше за септемриската пензија, исплатена на први октомври, две недели пред првиот круг од локалните избори.















