Author: Zoran Ivanov
Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело
Солун: Македонскиот државјанин, Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, кој беше во бегство 27 години и баран со европска потерница за убиство пред 28 години што беше уапсен на крајот на мај годинава во грчкиот град Катерини, нема да биде екстрадиран во земјава поради застареност на случајот, одлучил судот во Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Најмалку 44 лица загинаа во големиот пожар во неколку станбени блокови во Хонг Конг, 45 лица се во сериозна состојба, а уште 279 се уште се водат како исчезнати, соопштија властите во Хонг Конг рано утрово.
43-годишен жител на Штип ќе одговара откако запалил оган во двор од негова куќа во село, по што си заминал, а огнот одново се разгорел и предизвикал огромна штета, соопшти МВР.НАЈНОВО НА СВР Штип поднесе кривична пријава против М. Е. (43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 24.09.2025 година во село Љуботен, штипско, пријавениот запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира местото, по што подоцна огнот повторно се запалил и зафатил две соби од подрумски дел од куќата на пријавениот, како и делови…
Зоран Иванов: Сега би било фер од медиумите, посебно од националните ТВ, да ги објават имињата и на сите други родители, мајки, татковци, чии деца од училиштето “Димо Хаџи Димов” имаат здравствени тегоби!! Извор: Фејсбук
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, известувајќи на социјалната мрежа X. Зеленски рече дека лично ѝ се заблагодарил за нејзината „јасна позиција и пораки за поддршка на Украина“ што ги изнесе за време на денешниот говор во Европскиот парламент во Брисел.
Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на телевизијата „21“ вечерва остро се осврна на состојбата во правосудниот систем, но и на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Обвинителството.
Темелко Ристески: Деновиве од пропагандната „артилерија“ на владејачката гарнитура се истури канонада од лаги против уставниот судија Добрила Кацарска поради нејзиниот предлог за поведување постапка за оценуваше на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. „Артилерците“ на лаги одат дури и дотаму да тврдат дека граѓаните ќе морале да ги враќаат оние седум илјади денари што веќе ги примиле, односно ќе ги примат, заклучно со мартовската пензија 2026 година, по основ на линеарно усогласување. Слушнав дека на лагите им подлегнале и некои мои пријатели и познаници со високо образование.
Хонг Конг: Бројот на жртви од огромниот пожар што зафати станбен комплекс од облакодери во Хонг Конг досега се зголеми на 36, соопшти вечерва градоначланикот Џон Ли.
Минхен: Управниот суд во Баварија дозволи повторна консумација на канабис во паркот „Англиска градина“ во Минхен, како и во другите паркови, по жалба поднесена од двајца корисници на оваа супстанца, пренесуваат германските медиуми.
Бисао: Претседателот на Гвинеја-Бисао, Умару Сисоко Ембало, изјави дека денеска околу пладне бил уапсен во неговата канцеларија во претседателската палата, тврдејќи дека е во тек обид за државен удар во земјата.
Околу 40 ученици од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае во Општина карпош се пожалиле на стомачни болки, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Станува збор за адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски.















