Author: Zoran Ivanov
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мирно решение за Украина за да се зачува нејзиниот територијален интегритет.
Амбасадата на Кина во Македонија јавно реагира откако потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се сретна со официјални претставници на Тајван во Собранието. Во реакцијата се вели дека „овој тежок погрешен чин го крши принципот ‘Една Кина’, политичка обврска што Северна Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им се обрати на Украинците во видео порака во која предупреди дека земјата се наоѓа во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната. Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави и тешките одлуки што Кијив мора да ги донесе во наредните недели.
САД се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки информации и испораките на оружје во Украина ако не се согласат со рамката на мировниот договор со посредство на САД, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата.
Три години затвор за гинекологот Асани, кој ја остави Јалдз Веапоска без матка, јајник и бубрег
Мухамед Асани, гинекологот кој на Јалдз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој родилката остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора.
Утре во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
За време на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија посочив дека за Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена.
Абуџа: Вооружена група киднапирала 52 ученици од католичкото училиште „Света Марија“ во Нигерија, објави денеска локалната телевизиска станица „Арис њуз“.
Портпаролот на германскиот канцелар, Фредерик Мерц, штотуку потврди дека Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кеир Стармер разговарале со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Се очекува европските лидери да одржат итни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за мировните планови на САД.
Генералниот секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата е предложен за нов претседател на Комисијата на местото на Татјана Димитровска која си даде оставка откако откако против нејзе беше покренато обвинение за оддавање на службена тајна и веќе е почнат судски процес.















