Author: Zoran Ivanov
Протести под слоганот „Слобода за политичките затвореници“ се одржуваат вечерва во главниот бугарски град но и во Варна и Пловдив.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално го доби нацрт-планот на САД, кој, според американската страна, може да помогне во наоѓањето дипломатско решение за војната со Русија, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на соопштение од неговиот кабинет.
Ни треба искрена волја од Мицкоски за одење напред, а тоа сега не го гледаме – додаваат нашите соговорници, коментирајќи дека самовиктимизацијата на Македонија не води кон добро.
Командантот на украинските беспилотни сили, Роберт Бровди, објави дека во средата навечер украински дронови го нападнале и нафтениот комплекс „Иља“ во Краснодарската Област. Објектот годишно преработува над 6 милиони тони нафта, претставува клучен работодавач во регионот и има голема улога во локалната економија.
На седницата на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи.
Високи функционери во Брисел, Варшава и Берлин денес реагираа скептично на извештаите за нов американски мировен план за Украина, а еден водечки германски функционер го опиша како неприфатлив.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американската делегација, а претстои уште еден состанок во поширок формат, објави РБК Украина, повикувајќи се на добро информиран извор.
Покрај територијалните отстапки, планот предвидува и значителна демилитаризација на Украина. Извештаите сугерираат дека вооружените сили на Украина би биле намалени отприлика за половина, ограничени на околу 50 до 60 проценти од сегашната сила. Кијив, исто така, би морал да се откаже од ракетите со долг дострел, да прифати повлекување на воената помош на САД и да се согласи на целосна забрана за странски трупи, НАТО авиони, меѓународни бригади или идни западни распоредувања на украинска почва.
Втората, далеку поподмолна алатка, е т.н. „ЗАКОН КАКО ИНДУСТРИСКИ ЧЕКАН“ (LAWFARE). Режимот не ве апси веднаш за да не ве направи маченик, туку ве обвива во леплива бирократска пајажина од финансиски ревизии и бескрајни судски процеси. Опозицијата е натерана да се трансформира во правно-сметководствена служба, чија креативна енергија е целосно исцедена на одбрана од измислени афери.
Транзицијата беше тест за тоа дали нацијата и државата можат со самостојноста да го обезбедат својот интегритет и на тој начин да бидат фактор на геополитичката рамнотежа во регионот и во општата европска приказна. Во променетиот амбиент. За жал, одговорот е, како што гледаме, негативен.
Уставниот суд отвори постапка за член 2 од последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се воведе линеарно зголемување на пензиите.
Авторските права на сценаристите, режисерите и кинематограферите беа во фокусот на дводневниот меѓународен семинар на тема „Авторите во фокус: Авторското право како темел на креативноста и културата во аудиовизуелниот сектор“ што се одржа вчера и завчера во Скопје во организација на Здружението за аудиовизуелни автори (SAA) заедно со Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права АЗАС Скопје, АИПА од Словенија и ЗAПA од Полска.














