Author: Zoran Ivanov
Да се почитуваме меѓусебно, да мислиме на иднината и на денот потоа, кога ќе продолжиме да живееме и да соработуваме во истите улици, населби, градови и села.
Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.
Што прикажува тоа? Тоа е многу јасна порака за немоќ. Немање на идентитет и неспособност тие сами да си се изборат за општините, па затоа до нив мора да е нивниот ментор што ќе ги води за раче, филува и обликува по негов ќеф. Нема што тие многу да размислуваат и да се мачат кога Мицкоски е тука да мисли за сите нив.
Зошто повеќе од 600 матуранти годинава светлината ја видоа на онаа страна од тунелот што немаше излез – како што тврдеше министерот за транспорт и врски Александар Николоски – во Бугарија.
Љубомир Косотвски: Вечерва се одржа трибина на МТВ со учество на кандидатите за градоначалници за Центар.
Се соочуваме со опасност за која мислевме дека е зад нас, со власт што гази врз достоинството на човекот. Власт што не ги слуша граѓаните, туку ги заплашува, манипулира и лаже. Власт што не ги решава проблемите, туку арогантно ги игнорира. И што е најопасно власт што сака луѓе кои молчат, се покоруваат и не се надеваат на ништо подобро, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од вечерашниот митинг во Куманово.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја би можела да им обезбеди на САД „илјадници дронови“ ако Вашингтон им дозволи да „користат ракети Томахавк“.
Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Обвинителството: „Рубикон“ обезбедувал без писмен договор, без план за јавен ред, без проверка на капацитет/евакуација; обезбедувачите не спречиле внес на пиротехника и не контролирале возраста на посетителите. – Судска фаза: обвинението против Нацев е одобрено; паралелниот „голем предмет“ (34 физички + 3 правни лица) влегува во судење на 19 ноември. Можно е спојување на предметите – одлуката е кај обвинителството
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде уапсен на пат кон планираниот самит со неговиот американски колега Доналд Трамп во Будимпешта, пресуди Меѓународниот кривичен суд (МКС), објавија холандските медиуми.















