Author: Zoran Ivanov
На 19. октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот со закажани четири термини за прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста, медиумите и сите засегнати граѓанки и граѓани.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и оти подготовките за средба во Будимпешта помеѓу рускиот претседател и неговиот американски колега Доналд Трамп продолжуваат со полна брзина.
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска ја упати својата завршна изјава пред гласањето в недела, и ги повика граѓаните на Скопје да излезат на 19 октомври и да гласаат за број 5 за визија, знаење и резултати.
За Македонците што излегуваат од вморонската машина за мелење на македонска сива маса, тие ограничувања произведуваат цело едно мало светче како фикција. Како измислица и манипулација. Политичката елита е измислица. Јазичен конструкт. Во кој се собрани првите обезморализирани бескрупулозни парадери на македонството во транзицијата кон ништо.
Букурешт: Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени при експлозија во главниот град на Романија.
Џабир Дерала: Не можеме да зборуваме за вистински демократски процеси кога збориме за изборни процеси на Западен Балкан. Во тој контекст Западен Балкан предничи во искористување на национализмот и националистичката омраза во најевтината инвестиција со нависок профит, а тоа се изборите.
Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Само неколку дена по завршувањето на војната во Појасот Газа, милитантниот исламистички Хамас, кој е класифициран како терористичка организација од Германија, ЕУ, САД и неколку други земји, продолжува да го демонстрира своето барање за контрола врз Газа. Според извештајот на израелскиот весник „Хаарец“, Хамас сè уште има околу 40.000 борци. Тие се појавуваат сè почесто на улиците и плоштадите на Појасот Газа.
Москва: Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на Советот за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тирана: Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на изјавата на движењето „Самоопределување“, на Албум Курти, по најавата за протестот што ќе се одржи утре во Тирана, во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои се во Хаг.














