Author: Zoran Ivanov
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Чикаго за „воена зона“ за да може таму да испраќа војници, додека припадниците на Калифорниската Национална гарда се распоредени во Портланд, Орегон, уште еден град предводен од демократите, и покрај блокадите на судовите.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во општина Центар, го коментираше однесувањето на актуелната власт и посочи на негативната кампања која ја води против СДСМ. Според Филипче оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на власт е одраз на нивната немоќ и неспособност.
Кирил Петков: Со Бугарија управува Пеевски кој е на американската црна листа а тоје зависник од Кремљ, а успехот на Путин зависи од личности како Пеевски и опстанокот на Европа зависи од нивното запирање“, изјави Кирил Петков за германскиот „Die Welt“. Емилијан Лилов И беа постигнати успеси – германскиот „Die Welt“ дури ги нарекува „историски“ и ги наведува: во јануари земјата од ЕУ ќе се приклучи на еврозоната, а од оваа година е и полноправна членка на Шенген – „вклучително и затоа што реформаторите разоткрија и се бореа против мафијашките структури на криминалци, државни службеници и компании на надворешната граница…
По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството
По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во судница, со реакција излезе македонското Здружение на судии, кое апелира на влијателни поединци и структури да се воздржат од неодмерени изјави зашто создаваат атмосфера на недоверба и притисок.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со долг дострел на земјите-членки на НАТО, со цел дел од нив потоа да бидат испорачани во Украина.
Центар на овие избори повторно е повикан да застане на нозе и да испрати силна порака до Мицкоски и неговата банда на власт. Центар на овие избори прв ќе се разбуди и ќе му порача на ова лажно, арогантно и своеволно владеење на Мицкоски дека е доста, порача лидерот на СДСМ д-р Филипче на граѓанската трибина во Центар.
Атина: Шведската активистка Грета Тунберг синоќа пристигна во Грција каде толпа луѓе ја пречекаа со овации откако таа, заедно со стотици други активисти, беше приведена од Израел на отворено море и депортирана поради обид за доставување хуманитарна помош во Газа.
„Франција ќе биде отсутна токму кога Русија врши притисок врз европските граници, Кина го зголемува индустрискиот притисок, а Америка на Трамп се однесува непредвидливо. Во овие услови, Франција не може да го обезбеди она што е способна да го даде“, изјави француски функционер од кабинетот на министерот во оставка.
Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии.
Астрит Калаја, судија во Апелацискиот суд во Тирана, е убиен денеска во судница со неколку истрели од огнено оружје. Убиството се случи попладнево, околу 15:40 часот, додека изрекувал пресуда во имотно-правен спор. Нему во срце му пукал 30-годишниот Елвис Шкамби, еден од учесниците во процесот, кој бил страна во спорот.
Со знаење, со искрена желба, со многу поддржувачи, со многу љубов и човечки однос, постигнавме многу, за да денес со чист образ и нова Програма, ја бараме поддршката за Центар што го сакаме!. Ова вечерва го порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, се наведува во соопштението на СДСМ.
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва во своето обраќање ја нагласи историската важност на 19 октомври, нарекувајќи го „ден на политичка трансформација“ и пресвртница што ќе ја определи иднината на општината, државата и нацијата, се наведува во соопштението кандидатот за градоначалник на Чаир кое МИА го пренесува интегрално.















