Author: Zoran Ivanov
Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека Москва ќе заплени бродови што им припаѓаат на европските земји како одговор на плановите за продажба на товар запленет од руски бродови од страна на таканаречената „флота во сенка“, пренесуваат новинските агенции.
Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ целиот Балкан. Зеленски се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ за прв пат во Белград, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што дополнително ја влоши ситуацијата во регионот, пишува „Политико“.
Каков е говорот на власта, таков станува и јавниот простор. Каков е односот кон противникот, таков станува и односот кон институциите. А кога политичкиот говор се полни со „талог“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, тогаш проблемот повеќе не е во изборот на зборови. Проблемот е што зад зборовите веќе се гледа моделот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина доставила предлози за план за завршување на војната со Москва до американските преговарачи и изјави дека Русија би можела да ги искористи парламентарните избори следниот месец како изговор за прогласување нова мобилизација.
На 1-ви 1 август се навршија четири години од апсењето на кримскотатарскиот новинар Вилен Темерјанов од страна на руските окупациски власти. Како негов јавен застапник и како претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, најостро го осудувам политички мотивираното гонење на Темерјанов, бруталната репресија врз новинарите во окупираниот Крим и злосторствата што руската агресија ги врши против слободата на изразување, човековите права и достоинството на украинските граѓани. Џабир Дерала На 11-ти август 2026 година се навршија четири години од апсењето на Вилен Темерјанов, кримскотатарски новинар, политички затвореник и еден од гласовите што руската окупациска власт се обидува да ги…
Периодите на екстремна топлина стануваат сè почести, поинтензивни и подолготрајни, бидејќи климатските промени ја затоплуваат планетата, објави денес метеоролошката агенција на ОН. Таа потсети дека значајните промени започнале со жешкото лето во Европа во 1976 година.
Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за можноста Србија да го промени текот на реката Ибар, порачувајќи дека Белград не може да ги третира Косово и неговите природни ресурси како дел од српската територија.
Фондот за здравствено осигурување ја информира јавноста дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот.
Пожар избувна во рафинерија за нафта на рускиот Далечен Исток, на повеќе од 6.000 километри од Украина, додека во исто време беше нападнат логистичкиот центар на големата руска онлајн продавница Wildberries во регионот Воронеж. Овие инциденти, кои се случија ноќта на 11 август, се продолжение на серија украински напади врз цели длабоко на руска територија, пишува The Kijiv Independent.















