Author: Zoran Ivanov
Американската тајна служба застрела вооружен маж од Индијана, кој се наоѓаше на еден блок од Белата куќа, рано утринава, откако локалните полициски власти ја известија агенцијата за „човек со самоубиствена намера“, соопшти агенцијата.
Сопственикот на SpaceX, Илон Маск, изјави дека сателитскиот систем „Старлинк“ е столбот на украинската армија, додавајќи дека целата линија на фронтот на Киев ќе се урне во случај на исклучување на земјата од системот.
Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите руски средства за да го финансира купувањето оружје за Украина во вредност од 195 милиони евра, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни во интервју за економскиот неделник „Трибјун“.
Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Ларис Дир, на својот профил на Платформа „Х“ ја одбележа 211 годишнина од раѓањето на украинскиот гениј, писателот Тарас Шевченко.
Идниот германски канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека би сакал да разговара со Франција и Британија за споделување на нивното нуклеарно оружје во НАТО, но не како замена за американската нуклеарна заштита на Европа.
Обединетите нации реагираа на петочните руски напади врз Украина, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните денови за цивилите оваа година.
Кога американскиот претседател Доналд Трамп суспендираше две програми кои обезбедуваат американска помош за меѓународните нуклеарни инспектори на почетокот на јануари, тој потенцијално ја загрози неговата цел да го спречи Иран да развие нуклеарен арсенал, пишува Њујорк Тајмс.
Студентите од Универзитетот во Ниш кои се пријавиле дека пеш ќе одат на протестот што ќе се одржи во Белград на 15 март, утре во 6 часот со автобус ќе заминат до манастирот Манасија кај Деспотовац, а потоа оттаму во текот на претпладнето ќе се упатат кон главниот град на Србија.
Багдад: Ирак денеска ќе го запре увозот на гас од Иран во согласност со условите наметнати од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, потег што го поздрави Стејт департментот.
Атина: Пратеник Димитрис Киријазидис од Нова демократија беше исклучен од неговата пратеничка група откако тој упати навредлив коментар кон Зои Константопулу, лидерка на партијата Курс на слободата, за време на расправата за недоверба на владата во петокот.
За многу граѓани во ЕУ е прилично нејасно како всушност е поставена и како функционира Унијата, па затоа би било добро процесот на носењето политики од страна на ЕУ да биде потранспарентен и за него да не се дискутира само во рамките на институциите, помеѓу одредени групи, официјални претставници или одредени земји членки, туку да има отворени дискусии за она што сака да се постигне. Сашко Панајтов Европската комисија на Урсула фон дер Лајен во првите сто дена од својот мандат, што се навршуваат утре, се насочи на два главни приоритети – конкурентноста и одбраната, со што остави впечаток дека…













