Author: Zoran Ivanov
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја прекинал суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина и дека очекува добри резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.
Русија и САД побараа затворени консултации со Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Сирија, потврди првиот заменик постојан претставник на руската мисија во ОН, Дмитриј Полјански.
Како што соопшти НАТО, предвидено е Руте да се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ, со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, како и со министрите за надворешни работи Елмедин Конаковиќ и за одбрана Зукан Хелез и со в.д. министерот за безбедност Ивица Бошњак.
Соединетите Држави наскоро треба да продолжат со размената на разузнавачки информации со Киев, им потврди на новинарите американскиот претседател Доналд Трамп на 9 март во авионот „Ер Форс Уан“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност Украина „да не ја преживее“ војната против Русија дури и ако САД продолжат да му даваат помош на Киев. Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека САД имаат „одредени слабости“ кога станува збор за Русија.
Оливер Андонов: На јавна сцена искажаната омраза кон еден цел народ а патем и кон мене лично претставува слика на психолошката состојба на дел од македонскиот народ. И не само на психолошката состојба, туку и на нивото на незнаење, необразованост и примитивизам а секако и на не разбирање на современите политички односи и основи на ЕУ. Да биде уште потрагично за Православните Македонци кои само еден ден порано низ социјалните мрежи си честитаа ПРОЧКА (инаку тоа не е празник, туку простувањето има силна духовна порака на почетокот на Великиот пост), а отровот на омразата го истурија на чист Понеделник на…
Преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.
Во интервју за Фокс Њуз, претседателот на САД Доналд Трамп повторно упати критики кон Зеленски. Тој изјави дека претседателот на Украина е силен и паметен човек, но дека се однесува како парите од САД да се бонбони, а тој мало дете.
Бранко Тричковски: Не сум сугурен дека и сета уметност може да го предизвика моето чувство за неуспех. Затоа што за разлика од Македонија, јас сум успешен. Македонија не е само неуспешна приказна туку е полна со поединци и цели групи кои го стимулираат моето чувство за успех. Бертолд Брехт рекол за владата во Источна Германија: „Ако народот не стане подобар, владата ќе го распушти и ќе избере нов“. Јас би го сменил македонскиот народ. Почнав да не ја поднесувам неговата приказна. Таа е инструмент за измачување и хендикепирање на луѓето, а во вакви времиња и за политичка и културна кретенизација.…
lu-ping / Не бе дечки од ДПМНЕ, полека со предавниците, стратешки партнер ни се САД, а не Трамп
Зоран Иванов Се испотресе врвот на ДПМНЕ што прво Орданоски на Канал 5, после и Пендаровски на Сител, им ја џитнаа трампистичката кауза. Фрчат партиски соопштенија, изјави, квалификации за нови предавници. Навредени биле САД, нашиот најголем и најзначаен стратешки партнер. Па добро бе ДПМНЕ, уште ли магли и правови. Завршија изборите. Впрочем, вие ли ќе бркате предавници. Вие ли кои куп партиски челници со бугарски пасоши и лични карти ви висат на бандерите по селата пирински. Сменете ја плочата. Веќе не поминува. И не доликува политика со сеење магли, со извртување зборови, со инкубаторско продуцирање предавници, со подметнувања клевети и…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува опозицијата да „организира големо насилство“ на собирот во Белград во сабота и дека „сите што ќе учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“, и наведе дека апсењето на сторителите „ќе трае 15 минути, час или два, бидејќи државата ќе знае да се однесува како држава и тука нема никаква филозофија“.















