Author: Zoran Ivanov
По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери.
Северна Македонија сега е во една ситуација која треба да се искористи, во едни поинакви геополитички околности кои го поставуваат прашањето на проширувањето повисоко на дневниот ред на некои други институции на Европската унија, не само во Европскиот Парламент, изјави за МИА европратеникот Карло Реслер, кој заедно со Иванка Василевска се копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.
Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека Франција повеќе не може да ја смета администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за сојузник.
Британскиот премиер Кир Стармер ја изрази својата „непоколеблива поддршка за Украина“ по жестоката расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, соопшти Даунинг стрит.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не мисли дека треба да му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп, по нивниот судир во Белата куќа, но истакна дека го почитува американскиот претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одби да им каже на новинарите дали, како што тврдеа извори од неговата администрација, побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја напушти Белата куќа откако нивниот состанок во Овалната соба се претвори во скандалозен натпревар во надвикување и обвинувања, јавува Си-ен-ен.
Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од девет часот до три по полноќ.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка.
Вашингтон: Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по неговата расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.














