Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп – Зеленски

0
By Zoran Ivanov on March 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 1, 2025 13:24

По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери.

Реагираа премиерите на Полска и на Шпанија, Доналд Туск и Педро Санчез, истакнувајќи оти Украина не е сама.

Туск на Икс напиша дека Зеленски и Украинците дека „не се сами“, а Санчез објави „Украино, Шпанија е со тебе“.

Додека британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека синоќа телефонски разговарал и со Трамп и Зеленски.

Стармер наведе дека со нетрпение очекува „да им посака добредојде на странските лидери, вклучително и Зеленски“ на денешниот состанок посветен на Украина во Даунинг стрит 10.

Тој (Стармер) ја потврди својата непоколеблива поддршка за Украина и ќе ја одигра својата улога во отворањето на патот за траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина, изјави портпаролот на британската Влада.

Европска Унија синоќа му порача на Зеленски дека ја има нејзината непоколеблива поддршка.

Бидете силни, бидете храбри, не плашете се. Ние ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир, објавија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на Икс.

Претходно, претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека „агресор е Русија, а нападната е Украина“.

Постои агресор, тоа е Русија, има нападнат народ, тоа е Украина. Мислам дека бевме во право што и помогнавме на Украина и ја санкциониравме Русија пред три години и продолживме да го правиме тоа, истакна Макрон.

И шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок посочи дека Германија и Европа се непоколебливо солидарни со Украина.

Украина не е сама. Германија заедно со нашите европски сојузници стои обединета покрај Украина – и против руската агресија. Украина може да се надоврзе на непоколебливата поддршка од Германија, Европа и пошироко. Нивната одбрана на демократијата и нивната потрага по мир и безбедност е наша, објави Бербок на Икс.

Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони повика на „итен самит“ помеѓу Европа и САД и апелираше на обединетост на трансатлантските сојузници.

Секоја поделба на Западот не прави сите послаби и им користи на оние кои сакаат да доведат до колапс на нашата цивилизација. Поделените односи никому не се од корист, посочи Мелони.

Таа додаде дека е потребна отворена дискусија за „како сакаме да се справиме со главните предизвици на денешницата, почнувајќи од Украина“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа му се заблагодари на Трамп затоа што „храбро се заложил за мир“.

Силните луѓе прават мир, слабите војуваат. Претседателот Доналд Трамп денеска храбро се заложи за мир. Дури и ако тоа е тешко за многумина да го проголтаат. Ви благодариме, господине претседателе, објави Орбан на Икс.

Трамп и Зеленски синоќа го прекинаа разговорот во Белата куќа, каде требаше да биде потпишан рамковен договор за експлоатација на украинските минерални суровини. Американскиот претседател и потпретседателот Џеј Ди Венс истакнаа дека Зеленски покажал непочитување и неблагодарност кон САД. Трамп посочи дека Зеленски сè уште не е подготвен да стави крај на вооружениот конфликт и оти ризикува да почне трета светска војна.

 

 

Зеленски реакции средба Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.