Author: Zoran Ivanov
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните недели.
Русија и нејзиното раководство сносат целосна одговорност за агресијата во Украина. Во исто време, Европската унија ќе продолжи да му обезбедува на Киjив редовна и предвидлива финансиска поддршка, се вели во заедничката изјава на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по повод третата годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина.
Зоран Иванов Вакво брзинско лизгање како со украинската Резолуција би ѝ го донела првото злато на Македонија ако лизгањето беше на Олимпијада.
Емилија Целакоска: Јас се оградувам од предавничкото и саможиво однесување на оваа влада, која тешко може да се нарече македонска, според ова поведување на лицето со иницијали Х.М. (наводно – премиер), спротивно од Европа и Украина. Ова вазалство и кичмење кон – божем – решавач на војна, а во суштина ограбувач на минерали од Украина, барем да е за наши убави (езерски!) очи или за наш бенефит, но не е!Ова Мицково полтронство на Трамп ништо не му значи, но за нас е пресуда дека нема ЕУ со оваа влада. Всушност, ова е чекор кон уништување на Македонија. Со овој акт…
Веле Митаноски: Одавна сум скептичен кон бриселската бирократија од ЕУ. Ниту, пак, сум некој посебен фан на САД. Ниту, пак, некому му е потребно моето мислење. Сепак, не можам да премолчам дека нашето денешно “спонзорирање” на американската декларација во ООН, од страна на МНР на Муцунски, болно потсетува на “спонзорството” од времето на Бујар Османи! Зошто, повторно такво истрчавање, кое не обврзува при гласањето? Колку за споредба: Србија се определи за Брисел, а не за Вашингтон. Белким не сме поголеми Руси ( и Доналдовци) од Вучиќ и Вулин!?
Претседателите на САД и Франција Доналд Трамп и Емануел Макрон денеска имаа средба во Вашингтон, по која одржаа заедничка прес-конференција во Белата куќа.
Украинскиот парламент не успеа да изгласа резолуција со која се потврдува легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски, откако на денешната седница не доби доволно гласови за усвојување таков документ.
Посветеност на ЕУ кон Украина е и ќе остане непоколеблива, бидејќи не е во прашање само правото на Украина да постои како слободна нација, туку и иднината на нашиот европски континент, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на заедничката седница на Колеџот на комесари и украинската Влада.
Од македонското Министерство за надворешни работи – МНР, соопштија дека спонзорирањето на резолуцијата на САД ја реафирмира поддршката за Украина.
Генералното собрание на ОН ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина.
Блумберг објави првични детали за нацрт-договорот помеѓу САД и Украина за соработка во областа на минералите, кој предвидува и економски безбедносни гаранции за Украина. Според неименувани извори, новиот нацрт е речиси договорен, а Украина очекува официјален одговор од САД.
Вашингтон: Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Белата куќа има средба со неговиот француски колега Емануел Макрон на која ќе разговараат за начинита како да се запре војната во Украина.














