Author: Zoran Ivanov
Администрацијата на Доналд Трамп започна со радикална трансформација на работењето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која распределува економска помош за други земји. Администрацијата го суспендира финансирањето на сите актуелни програми на УСАИД, додека изведувачите треба „ваднаш да ги прекинат работите“, јавуваат дел од американските медиуми.
Сем Пауер: Главната работа што ја утврдивме во однос на онлајн порталите е дека е голема веројатноста оти се основаа голем број организации за да ги искористат државните средства, иако немаа никаква историја поврзана со медиуми и веројатно само го користеа системот во Македонија за да земат пари од државата и потоа истите да ги злоупотребат. Кога разговаравме со заинтересираните страни, тие рекоа дека многу веројатно државните средства се злоупотребуваат од такви политички претприемачи. Што прават тие? Ќе отворат портал на интернет, ќе земат пари од државата и потоа нема никакво учество во политичкиот систем. Наодите од истражувањето укажуваат дека…
Унгарските претставници го блокираа заедничкото соопштение на земјите од Европската унија со кое се отфрлаат претседателските избори во Белорусија.
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршни наредби за отстранување на различноста, еднаквоста и инклузијата – ДЕИ од војската и враќање на илјадници војници кои беа исфрлени од војската затоа што одбија да примаат вакцини против Ковид-19 за време на пандемијата, изјави денеска американскиот државен секретар за одбрана Пит Хегсет.
Севернокорејските војници привремено се повлекоа од бојното поле во Русија по претрпените големи загуби, изјави за „Скај њуз“ командант на украинските специјални сили, познат по кодното име Пулс.
Директниот апел до претседателот на САД, Доналд Трамп на првиот ден од неговиот мандат беше значаен момент на настанот во Националната катедрала кој традиционално не беше политички. Бискупката Маријан Едгар Буд беше при крајот на својата проповед за инаугуративната молитва во вторникот, кога зеде здив и погледна директно во претседателот Трамп.
Почитуван г-дин Билал Касами, ова писмо е јавен израз на најостра реакција, предупредување и споделување на длабока загриженост на државотворниот Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичка војна и граѓаните продолжувачи од Тетово, а поради повторните вознемирувачки најави на градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами за промена на имиња на улиците во градот и определување на имиња на претходно неименувани улици на територија на општината. Како градоначалник на општината, Вие по Устав, Закон и здрав разум, сте градоначалник во служба на сите граѓани кои живеат во општината за која сте добиле чест и доверба да ја предводите. Изминатите години…
Ова писмо е јавен израз на најостра реакција, предупредување и споделување на длабока загриженост на државотворниот Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичка војна и граѓаните продолжувачи од Тетово, а поради повторните вознемирувачки најави на градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами за промена на имиња на улиците во градот и определување на имиња на претходно неименувани улици на територија на општината.
Соединетите Држави нема да продолжат со воведување царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати депортираните илегални мигранти, соопшти Белата куќа.
Седми претседателски мандат на Лукашенко – опозицијата и ЕУ тврдат дека изборите се наместени
Минск: Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, го освои седмиот мандат на изборите вчера на кои не се соочи со вистинска конкуренција.













