Author: Zoran Ivanov
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара воведување царини, визни ограничувања и други мерки кон Колумбија, откако Богота не дозволи слетување на два лета со илегални мигранти депортирани од САД.
Минск: Александар Лукашенко на денешните претседателски избори во Белорусија освои 87,6 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од излезните анкети по затворањето на гласачките места.
Рјазан: Повторно букна пожар во руската рафинерија Рјазан, а по новиопд украински напад со дронови.
Разочарувачки се и оградувањата, како на синдикатите, така и граѓанските здруженија – дека не можеле да повикаат на бојкот оти народот морал да јаде. Никој не спори со тоа, но како ќе им застанеме на поскапувањата ако не се преземе дел од одговорноста?
Вилнус: Подводниот оптички кабел помеѓу Литванија и Шведска денеска е оштетен, објави литванскиот јавен сервис – ЛСМ.
Повеќе од 50 државни делегации, меѓу нив и од Северна Македонија предводена од претседателката Сиљановска Давкова, утре, 27. Јкануари, ќе бидат присутни утре на комеморативна церемонија по повод 80 години од кога војниците на Црвената армија ги ослободија најстрашните логори на смртта.
Кабинетот на словачкиот премиер Роберт Фицо го загуби мнозинството во парламентот откако четворица пратеници од Глас, владиниот коалиционен партнер, решија дека повеќе нема да и даваат подршка на владејачката гарнитура.
Сараево: Граѓаните на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи се повикуваат на 31 јануари да ги бојкотира продавниците, бензинските пумпи, кафулињата и рестораните, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард.
Оливер Андонов: И бидна и тоа чудо, од Бељаковце до Петровец via Вашингтон и Њу Јорк. Повторно истите будалаштини за збудалување на Македонецот. Аман бе ….тииит, од каде ти текна да ги проблематизираш МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВНОСТ низ глупавата флоскула за божем „македонското прашање“ и неговото не затварање или отварање (како да сме конзерва, отвори-затвори, стави во замрзнувач). Најпрво, не постои таканаречено „македонско прашање“ тоа е оксиморонски, посебно во современието. Второ, Македонија е независна држава, значи постои македонска држава не само формално, туку и суштински како меѓународно правен субјект (па нека во овој момент ја нарекуваат и Северна на што…
Вашинтон: Одлуката на американската влада да ги замрзне повеќето програми за меѓународна помош доведе до откажување на летовите за повеќе од 40.000 Авганистанци на кои им беа одобрени специјални визи за САД и сега се изложени на ризик од одмазда од талибанците, јавија светските агенции, повикувајќи се на адвокат и американски официјален претставник.
Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, сподели видео од студентските протести во Србија преку објава на Твитер, коментирајќи дека е важно да се остават различни гласови да се слушнат, но дека „нема поддршка за оние кои го поткопуваат правилото. на правото и насилно ги напаѓаат државните институции.










