Author: Zoran Ivanov
Православните христијани денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божик.
Идеално би било, прашањето на календарот да биде решено на некој иден Сеправославен т.е. Вселенски собор, како што впрочем и било предвидено, па оваа тема била разгледувана на предсоборската конференција во 1977 година, но кога и дали ќе се случи тоа, останува неизвесно. На конференцијата во 1977 година е констатирано дека пресметувањето на датумот на Пасха според јулијанскиот календар има отстапување во однос не само на рамноденицата, туку и на месечевите мени, кои во реалноста се случуваат 5 дена порано одошто се пресметува. Заклучено е дека овие недостатоци треба да се исправат на таков начин што нема да се наруши…
Канадскиот премиер Џастин Трудо денес ја објави својата оставка, наведувајќи ги „внатрешните битки“ и растечкото незадоволство од неговото раководство како клучни причини. Со ова, Либералната партија се соочува со сериозна политичка криза во пресрет на изборите.
Во Јагодина се повредени неколку лица, откако се случило пукање во кафеана.
Цели триесет години и згора се бориме со меѓународната и, главно, најголемите битки со тешки оштетувања некако ги добивме. Не е лесно да влечеш за напред, да ги исполнуваш условите што големите западни сили ги бараа од нас и тоа да го влечеш со тешки тегови на грбот (ВМРО-ДПМНЕ), кои во одредени периоди толку натежнуваа, што државава се закопуваше во место, немаше напредок.
Состанокот на официјалните лица од Словачка, Украина и Европската комисија за снабдување со гас планиран за утре е откажан бидејќи Киев нема да учествува, објавија словачките власти. Комисијата бара нов датум за состанокот, објави во соопштение владата на словачкиот премиер Роберт Фицо.
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод, по повод божикните празнувања, во Божикното послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква со порака да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир во себе, мир во својот дом, мир со луѓето и мир меѓу народите.
Во 2024, на неприкосновените руски лажни наративи и дезинформации им се придружија дезинформациите кои се однесуваа на изборите во САД со особено жестоки напади врз претседателската кандидатка на демократите, Камала Харис. Не останаа поштедени ниту високите функционери на Евроската Унија, додека на редовната мета на руските пропагандисти, брачниот пар Зеленски, сега беше додадена вдовицата на убиениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија.
Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен денеска му додели на лидерот на Партијата на слободата на Австрија, Херберт Кикл, мандат да формира влада, која ќе биде прва во таа земја предводена од екстремната десница по Втората светска војна.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека тој и кинескиот лидер Си Џинпинг разговарале преку претставници и верува оти двајцата лидери ќе се сложуваат. „Веќе разговаравме. Разговаравме преку нивните претставници“, рече Трамп во интервјуто со конзервативниот водител на ток шоу Хју Хјуит.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Украина треба да биде „реална“ кога станува збор за територијални прашања во какви било идни преговори за ставање крај на војната со Русија. „Украинците мора да водат реални разговори за територијални прашања“, рече Макрон на средбата со француските амбасадори.















