Author: Zoran Ivanov
Кој сака правда? Никој. Сите се корумпирани. Битката против корупцијата е реклама за корупцијата. Како за прашок за перење.
Фани Каранфилова Пановска: На општеството му се случува сериозно назадување – вели заменик претседателката на СДСМ. Бегството на груби е индиција за политичка соработка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ веќе подолго време и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава државаВо изманатите шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, освен сериозно потфрлање во сите нивни ветувања, ништо друго не гледаме. Покажуваат елементарна неспособност да ја водат државата и институциите ништо а има сериозни намери и тенденции, системот…
Украина и Русија размениле најмалку 300 воени заробеници.
Тито Беличанец: Граѓаните на РС Македонија за прв пат избраа за Претседател на државата познат и признат професор по уставно право но истовремено најлош државник. И што е најлошо интелектуално го “зароби” и Премиерот во нејзиниот теоретски свет кој не коинцидира со историската реалност во меѓународните односи и состојби, особено во врска со влезот во ЕУ.
Политичкиот камелеон Мицковски заборава дека му беше чирак на Груевски кој го десловенизира македонскиот народ со антиквизацијата и го одложи 15 години влегувањето на земјата во НАТО и почетокот на преговори за влез во ЕУ. И при тоа во 12 годишната подршка на диктаторски режим на Груевски кој беше урнат под силен масовен притисок на граѓаните и меѓународната заедница како услуга Груевски му овозможи да изгради неколку мали хидроцентрали со што се збогати.
Сепак, уште не беше остварен мојот сон, за „Егејци”, за сонот на татко ми, да зборувам на грчки универзитет. Тоа на 14-ти декември го овозможи токму Договорот од Преспа. Иако тоа за многу Македонци, дури и кога се Егејци, е уште несфатливо. Тогаш, во 2018-та, Александра и јас силно го поддржавме Договорот, затоа што ние долго пред тоа бевме сознале дека нема друг пат за народите на две соседни земји, да се запознаат и да ги надминат историските трауми и стереотипи, освен помирувањето.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице.
Индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помало 3.5 отсто.
Гордан Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира судството, Судскиот совет е само една од алатките со кои се управува судството. Најпроблематично е немањето политичка култура кај политичките партии. Тие го искористуваат судството за сопствени интереси и за сопствена заштита.Во моментот кога политичарите ќе ги кренат рацете судството тоа е доволно професионално и поставено на основи кои само по себе можат да дадат подобри резултати. Се додека се прави овој тип на притисок кој се сведува „да го исчистиме од едни, а да дојдат други“, тоа е фарса од реформи. Ако на обвинителите можат да има шепнат кого да изберат…
Полицијата извршени 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, по што ќе биде поднесена кривична пријава против 12 лица македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила и фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба.















