Author: Zoran Ivanov
Во сопствената држава не така ретко станувавме заморчиња на амбициозни ликови со крајно лимитирачки капацитети, а сè во име и за „народното добро“. Затоа, како народ имаме суверено право на надоаѓачката 2025 година да ѝ доставиме краток список на желби, кој би се состоел од мир, правда, просперитет во вистинска смисла на зборот.
Голем пожар избувна во складиште за нафта во областа Јарцево во руската област Смоленск, се наведува во извештајот на Киев Индипендент. Магацин за нафта во Јарцево, во рускиот регион Смоленск, се запали по напад со дрон во текот на ноќта. Регионот се наоѓа на приближно 500 километри од Курск.
Неколку лица се повредени при напад со нож во западниот дел на германската престолнина Берлин, јави ДПА повикувајќи се на полициски извештај.
Битката за кладилниците се водеше подолго време меѓу двајца крупни играчи на ВМРО ДПМНЕ (Самсоненко) и ДУИ (Груби) околу поделба на просторот. Партијата на Ахмети водеше кампања за „чување на децата од коцката“ со барање за ограничување на коцкарниците/ кладилниците а ВМРО ДПМНЕ одеше кон зачудување на „златниот рудник“ што овие објакти ги носеа во земјава, со задржувањето на статус квото на пазарот Љубомир Костовски ГОБЛЕН Во некои медиуми веднаш беше назначена следната шема на врски околу Лотарија Повикувајќи се на информации добиени од „свиркачи“, организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на неодамнешната прес-конференција изјави дека МВР имало поставено полициска…
Никола Поповски: Од најбогатите 10 луѓе во светот, дури 9 (Musk, Bezos, Zuckerberg, Ellison, Gates, Page, Brin, Buffet, Ballmer) се збогатиле почнувајќи од нула со своја новоформирана компанија (start-up) од кои 8 се во т.н. високо-технолошки компании, односно во бизнис со дигиталните технологии. Деновиве се објавија странски проценки (иако сериозно неточни) за 10-те најбогати Македонци. Сите компании се во традиционалните дејности од металургијата, индустријата, енергетиката (стопанско – технолошка структура стара 80-120 години) и (најважното!!!): сите тие „богати Македонци“ (со еден исклучок) се од старите добри социјалистички компании што тие или нивните татковци ги приватизирале во минативе 33 години. Новоформирана компанија…
Њујорк: Шест лица се ранети во пукање во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка, соопшти денеска полицијата.
Велингтон: Новата 2025 година пристигна во Нов Зеланд, а во Окленд беше пречекана со огномет со кој им беше одадена почит на домородните племиња, јавува Би-Би-Си.
Скопје: Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека продолжува мерката бесплатен превоз за студентите. На денешната прес конференција, тој појасни дека Владата одлучила да му префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје за да може мерката да продолжи да се реализира и во 2025 година.
Зоран Иванов Секое нешто си има свој почеток но не и крај каква што судбина и стокмив на оваа Една Реченица по нејзиното двеипол годишно талкање во рубриката По допрен глас на престижниот ЦивилМедиа, медиумската платформа на Цивил, Една Реченица со која ги нервирав лекторите, го малтретирав уредникот Дехран кому често речениците за објавување му ги праќав пред полноќ па и по полноќ, со овој мој измислен новинарски формат во кој посебна инспирација беше предизвикот секоја од Речениците да завршат, да поентираат со нивниот наслов, го тревожев Главниот уредник Џабир кој поради неговиот широк демократски капацитет без поговор го толерираше овој мој…
Ерол Ризаов: Новата самоубиствена тенденција на осилената власт е да се доведат во прашање веќе стекнати права што неминовно ќе ги влошат меѓуетничките односи. Кога се влечат вакви опасни потези не смее да се заборави фактот дека распадот на Југославија почна со хегемонизмот и со одземање на стекнати права. Обидете се на член од семејството да му одземете некои од придобивките што сте му ги дале, или тој се изборил за тоа, сеедно, па ќе ја видите реакцијата. Се додека се доаѓа на власт со ветувањата дека Македонците дале премногу права и дека мнозинството се граѓани од втор ред во…
Гордана Сиљановска Дафкова: И како човек и како Претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води. Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме и што нѐ сакаат.












