Author: Zoran Ivanov

Ана Чупеска: Во случајов се чини дека власта не се бори против криминалот имајќи предвид дека Груби е избеган од една страна, од друга страна тоа е доволно добар сомнеж  дека можеби ДПМНЕ работи за Груби, односно му направило некаква услуга тој да избега надвор од границите, рече потпретседателката на СДСМ. Од таа работа произлегува идниција, прво дека ДПМНЕ не е способно и не е кадарно да спроведе акции од ваков тип како што помпезно ги најавува. Второ дека постои голема веројатност дека ова бегство на Груби, е впрочем помогнато од ДПМНЕ. Како трето тоа укажува дека станува збор за…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека новата команда на Алијансата во германскиот град Визбаден почна да ја координира западната воена помош за Украина.

Read More

За бегството на Груби во Косово се води активна истрага, а денеска по вторпат на распит во полициската станица Карпош беше повикан почесниот конзул на Косово во Македонија, Арсим Папранику.

Read More

МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Едниот, полицискиот службеник Б.Ј., според МВР, со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Ла Паризиен, во кое зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната, изјави дека нема да поддржи замрзнување на конфликтот со Русија за да се забрзаат мировните преговори, нагласувајќи ја својата посветеност на заштитата на украинските интереси и територијалниот интегритет.

Read More

Синоќа полицијата открила значителна количина оружје, меѓу кое пушки и пиштоли, скриени во објект во скопското село Арачиново, објави „Плус инфо“. Овој запленет арсенал е дел од поширока акција на МВР, насочена кон сузбивање на насилни криминални групи кои дејствуваат на повеќе локации низ земјата.

Read More

Двете страни се повеќе користат странски борци, главно од сиромашните земји. Покрај војниците обезбедени од Пјонгјанг, Москва регрутирала борци од Куба, Индија, Непал, Сирија, Србија, Централноафриканската Република и Либија, ветувајќи голоеми плати и руско државјанство.

Read More

Руските власти го  уапсиле осомничен за убиството на шефот на армискиот оддел за хемиско оружје, соопштија истражителите денеска, еден ден откако генералот и неговиот помошник беа убиени во експлозија во Москва.

Read More

Кривичниот суд им определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами. Мерката ќе биде применета откако ќе бидат пронајдени и станат достапни за органите на прогонот.

Read More

Ние сме во најлошиот можен сообраќај. Она што никаде не води не може да се препознае како пат, ни како пат таму ниту како пат назад. Таму кај што нема пат ниту начин по него да се оди, тука ништо не се планира, ништо не се учи, ништо не се постигнува, ништо не се објаснува. Како во Македонија. Поточно како во Вморонија. Бранко Тричковски На почетокот, депресијата се манифестира како одвратност спрема наметнувањето да се слушаат реклами за успехот. Кого ќе го зафати депресија осуден е на сиромаштво во светот затоа што за него се прекинува натамошното патување и хоризонтот…

Read More