Author: Zoran Ivanov
Дезертерството ја погодува украинската војска и нејзината очајна потреба за поединци и ги попречува нејзините борбени планови во клучен момент од војната со Русија, што би можело да го стави Киев во неповолна положба во идните преговори за прекин на огнот, наведува АП. Соочувајќи се со незамислив недостиг, десетици илјади украински војници, уморни од конфликтот, ги напуштија борбените позиции и позициите на првата линија за да се лизнат во анонимност, наведуваат војници, адвокати и украински претставници на власта. Цели единици ги напуштија своите позиции, оставајќи ги одбранбените линии ранливи и забрзувајќи ги територијалните загуби, изјавија команданти и војници, пренесува АП.…
Знаеме дека огромните плати по министерствата и владата предизвикуваат конформистичко однесување на државните функцинери и лажни патриоти кои за да ги излажат гласачите токму за да седнат на тие удобни фотељи (еве, пак се докажа, нема поголем доказ од самата таа ноќ!) дури јаваа и коњи кон славно Крушево, но дека до толку тие ќе го остават народот на опасност по нивните животи, тоа веројатно никој од нас не можеше да замисли дека е можно да се случи – а од режимот, според изјавите вчера, знаеле дека е можно да се случи! Тие свесно не оставија на милост и немилост…
Марјан Забрчанец: Последниот суштински и успешен проект на Отворен Балкан е оној од март годинава кога се укинаа работните дозволи меѓу Македонија, Албанија и Србија односно проектот за слободен пазар на труд во регионов. Тој проект, заедно со зелените ленти за транспортерите и признавањето на дипломите и квалификациите беа иницијативи и на ЦЕФТА и на Берлинскиот процес, а станаа реалност за граѓаните и компаниите благодарение на напорите на Отворен Балкан во периодот 2019 – 2024. За жал, од тогаш до денес единствена нова активност е кафанскиот муабетот за “лепе жене” од Белград. Црна Гора до пред една година имаше висок…
Како да те сакав потоа, кога ме уништи трагичната слика на сиромавиот? Немав сила да љубам низ смртта на неговиот син. Крици на немоќ течеа низ неговите зборови, полни со чемер.
Повеќе од сто луѓе синоќа се уапсени во Грузија по судирите помеѓу демонстрантите со полицијата, што уследија по владината одлука да се стопираат преговорите за членство во ЕУ, соопшти денеска грузиското Министерство за внатрешни работи.
Скопје: Цивил – Центар за слобода и Дијалог на медиуми од германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, ја најавуваат меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во лицето на војна, национализмот и авторитаризмот“ што ќе се одржува на 11-ти и 12 –ти декември. Овој голем собир ќе ги собере водечките експерти, креатори на политики, лидери на граѓанското општество и новинари од цела Европа и САД. Линк
Косовската полиција во соопштение по нападот во петопкот навечер на водниот канал „Ибар-Лепенец“ кај Зубин Поток во северно Косово, соопшти дека е нападната критичната инфраструктура на земјата, а од увидот на стручни тимови на местото на настанот е заклучено дека експлозијата била намерна, што го прави овој напад терористички и криминален чин.
Зоран Иванов: Дивеењево на децава со барјаците не е до нив туку до родителите, до наставниците и до партиите е, и не е национален гест туку племенски е, ете дотаму стасавме сите овде во Нашата, па ајде, уште кочете за ЕУ!!
Постапката за именување на членовите на новата Европска комисија и неодамнешното гласање за измените на Регулативата против уништување на шумите во Европскиот парламент го покажаа се поголемото значење и влијание на десничарските политички сили во ЕУ.
Тенденцијата на засилено влијание на десницата потоа беше потврдена и при одобрувањето на новите еврокомесари. Спорот настана околу потврдувањето на номинациите на потпретседателите на ЕК, Тереза Рибера Родригез и Рафаеле Фито, како и на еврокомесар за здравство и благосостојба на животните Оливер Вархеји, поради што зе една недела беше одложено одобрувањето и на останатите четворица потпретседатели.















