Author: Zoran Ivanov
Значи НЕ ВАКА. Прво кажуваш дека не те изненадува што Северна Македонија има способен кадар и за најтешките функции во светски организации. Па не се изненадуваш дека тоа е кадар кој многу придонел за нашиот влез во НАТО. Дека ја цениш, во суперлативи. И на крајот, ја пофалуваш НАТО што го препознала тоа. Емилија Целакоска За новинарското прашање кон премиерот, зошто не честитал на Радмила Шеќеринска за изборот во висока функција во НАТО (ОД СТРАНА НА НАТО! – не го заборавајте тоа како фактор), одговорот на Мицкоски е ГРОЗЕН по најмалку 2 основи. Прво, се искажува со смешна ароганција, речиси…
Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Вашингтон: Американскиот претседател Џо Бајден одобри испорака на противпешадиски мини за Украина, потег што може да помогне да се забави рускиот напредок на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од САД.
Украина за првпат лансирала британски проектили со долг дострел „Сторм Шедоу“ кон Русија, потврдија повеќе извори за британските медиуми
Миленковски: ФК Вардар треба да го води човек кој не ги политизира нештата во фудбалот и спортот
Милорад Миленковски: Уште на 10- ти јуни имавме средба со Владата и ни кажаа дека имаат решение за Вардар, но треба да им ги предадеме акциите. Од таму инсистираа Миленко Неделковски да биде Извршен директор на клубот. Ние не прифативме прво, но на 3. јули бевме принудени да го предадеме клубот и да му пружиме рака на Миленко. … Ние никогаш не сме кажале дека имаме стереотипи кон одредени личности, затоа што и ние се бориме со стереотипи цело време. Ние кажавме само дека Неделковски не е за тоа место во Вардар. Не е достоен за да биде во Вардар.…
Украинските единици за воздушна одбрана се обидуваат да го одбијат рускиот воздушен напад врз Кијив, соопшти воената управа на главниот град на Украина. Очевидци потврдија за Ројтерс дека слушнале неколку експлозии.
Кијив: Доколку САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Атина: Во Грција денеска почнува 24-часовен штрајк, а синдикатите ќе бараат зголемување на платите на неколкуте планирани протести во градовите низ земјата, пишува Катимерини
Американската Амбасада во Кијив е привремено затворена откако добила „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември“.
Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници.
На територијата на Брјанската област во Русија, во тек е голем напад на Украина со помош на дронови.












