Author: Zoran Ivanov
Поминаа точно 1.000 дена откако Русија ја нападна соседна Украина. Оттогаш, силите на Киев успеаа да запрат бројни офанзиви и да ја вратат контролата врз дел од територијата, но Русија анектира четири украински региони, што значи дека контролира околу 20 отсто од територијата на Украина.
Заменик портпаролот на Пентагон, Сабрина Синг, изјави дека САД не се во војна со Русија но во исто време потенцираше дека Русија е одговорна за ескалацијата на ситуацијата во врска со Украина и дека директното учество на западните земји во украинскиот конфликт ќе ја промени неговата суштина, а, Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на заканите што и се создадени.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во Париз ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ што ја доделува Одборот на Фестивалот „Рим-Париз-Вашингтон“.
Во Русија првпат започна масовно производство на мобилни засолништа од модуларен тип КУБ-М, кои можат да се користат за заштита на луѓето од различни закани, вклучително и светлосно зрачење од нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација на областа.
Советот на амбасадори го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО и велат дека нејзината функција во НАТО е голем успех и за државата. Таа ќе биде заменик на генералниот секретар на НАТО.
Наспроти поддршката за Шекеринска имаме внатрешна политика која е комплетно спротивна на стандардите на НАТО и ЕУ Бранко Тричковски Се радувам што можам да поздравам еден гест на Мицкоски: поддршката на назначувањето на Шекеринска за заменичка на генералниот секретар на НАТО. Тоа е втор таков гест во изминативе седум години. Првиот беше по состанокот со Ковачевски на почетокот на епидемијата односно изјавата за спремноста единствени да настапиме во битката со страшниот вирус. Не верувам дека неговата согласност била пресудна, но секако дека била добредојдена. Но, фактот дека цел ден го нема на јавноста да и ја соопшти радосната вест за…
Оваа нова политичка рамка за дијалог и соработка во областа на безбедноста и одбраната ја потпишаа Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во име на Европската Унија и Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во име на Република Македонија, соопштија од МНР.
Колку точно Мицкоски ја протолкувал пораката на Агелер, ќе дознаеме наскоро, според неговите потези кои ќе ги преземе во наредните денови.
Марк Руте: Мудро е да не зборуваме премноги за она што го правиме – 1.000 дена војна во Укарина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повтори дека ставот на НАТО е оти најдобро е да не се поставуваат ограничувања на снабдувањето со вооружени системи за Украина и додаде дека на секоја земја членка е да одлучи дали ќе дозволи користење на нејзиното оружје со долг дострел за напад на цели во Русија.
Во Брисел денеска почнува дводневното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ – – ФАК, на чии маргини утре шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцински и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ќе го потпишат Договорот за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.
Од Стејт департментот синоќа изјавија дека политиката на САД во однос на користењето американско оружје од страна на Украина за напади во руска територија не е променета, и дека Вашингтон дозволува „адаптација и корекција“ на оваа политика доколку „тоа е соодветно“.
Берлин: Германија и Финска изјавија дека се длабоко загрижени што подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува земјите бил оштетен и отвориле истрага, во време на високи тензии со Русија.













