Author: Zoran Ivanov

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, првпат во последните две години, соопшти германската Влада.

Read More

Опозицијата денеска на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година оцени дека се работи за безидеен буџет кој ќе генерира нови долгови и ќе имаме уште една изгубена година на економски план.

Read More

Американското Федерално истражно биро –ФБИ, треба да биде укинато, а 1,5 милиони вработени во владата да бидат отпуштени како дел од новото Одделение за намалување на трошоците (DOGE), предложено од новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Ова е ставот на Вивек Рамасвами, кој е назначен да го води новото одделение заедно со најбогатиот човек во светот, Илон Маск.

Read More

Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра за Украина во рамките на механизмот на Европската унија за Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на објава на украинскиот премиер Денис Шмихал на „Телеграм“.

Read More

Оваа година се отворени околу 500 случаи на корупција и обезбедени се 60 пресуди, соопшти Националното биро за борба против корупцијата. Но, постојат постојани стравувања дека постојаниот проблем ќе ја попречи масивната агенда за реконструкција на Украина, одвраќајќи ги меѓународните партнери да вложат средства. Франс Прес Кога Барт Грујаерт се согласи да помогне во обновата на уништените станбени блокови надвор од Киев, тој се надеваше дека ќе биде едно делче во огромната програма за реконструкција на Украина, поправајќи само дел од штетата предизвикана од руската инвазија. Но, кога француската компанија за која работи, Нео-Еко, аплицираше за градежни дозволи во градот…

Read More

Скопје е чаламот на маалските младичи и природната убавина и скромноста на неговите моми. Борче Трајковски Скопје е приказна во континуитет. Скопје е мирис, вкус, песна. Скопје е љубов. Скопје е соживот и другарство. Скопје се крие во мирисот на липите, на трендафилите и јоргованите. Во волшебниот мирис на анамската рака во скопските бавчи, наполно исто како што ти ги затвара очите вкусот под непцата на топлото кравјо масло во погачата од фурната на Диме покрај Серава, стокмена во наутли симит. Скопје е светната калдрма од дождот и мирисот на озон, Скопје е бела магла со меурчиња од Швепс. Скопје…

Read More

Или, нивната предвидливост е нашата предност. Затоа, оваа прогресивна и цивилизациска придобивка, мора да се искористи во отпорот против налетот на илибералниот бран. Ана Чупеска Новите околности се со многу предизвици. А, тие и такви предизвиците, пак, треба да се прифатат во целината на своите феноменолошки, онтолошки и епистемолошки аспекти. Не, да се урла по нив. Не, со морално згрозување. Не,  од позиција на морална супериорност. Ништо од тоа не е апликативно во денешните околности. Тие изискуваат радикално престројување на вредностите, но,  и радикално восприемање на стварноста. Без патетика,  и со комбинирање на разумот и страста. „Новите околности”, може да…

Read More

Љубомир Костовски:  Средбата на нашата претседателка на државата со нејзиниот бугарски колега во Баку е мислам дебакл. Иако не знам никакви детали, ако ги имало, освен двете присутни знамиња и гушкањето. Едноставно, на трибината на МАНУ што се одржа по повод денот на ослободувањето на Скопје и Првото заседание на АСНОМ или само за АСНОМ иако можеше да биде и порано организирано, покажа дека Мицковски „на кама и нож“ се заколна дека ќе работи на ревидирање на двата договори – со Грција и Бугарија – како предавнички. Му се придружи и првиот човек на МАНУ со некаква слична конотација и…

Read More