Author: Zoran Ivanov
Последиците што го обликуваат градот секогаш траат подолго од процесите што ги нив ги предизвикале. Децениските рефрени за градот Феникс што одново се раѓа од пепелта по сите катастрофи, не се покажаа сосема точни. Повеќе половични. Катерина Блажевска Секое ритуално убивање на градот почнува со ветувања за повисоки цели, кои потоа го водат во нова регресија. Слободно Скопје е заробен град во слободен пад – културен, економски, инфраструктурен… Споменикот на Ослободителите на СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW Било студеникаво утро, налик на денешново. Веел ситен снег, додека македонските борци низ скопските улици ги воделе завршните битки против фашистичките окупаторски единици – кај…
Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.
Берлин: Премиерот на Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зедер, денеска го обвини германскиот канцелар Олаф Шолц (СПД) дека со својата политика ја турнал земјата во ќорсокак.
Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, во разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Брисел изјави дека во Украина се решава иднината на трансатлантската и глобалната безбедност.
Скопје денеска одбележува 80 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна.
Вашингтон: Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Скопје: Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.
Зголемувањето на економската и воената соработка на Русија со Кина, Северна Кореја и Иран ги загрозува Европа, Индо-Пацификот и Северна Америка, предупреди генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Во очигледната порака до новата американска администрација додека новоизбраниот претседател Доналд Трамп се подготвува да ја преземе функцијата, Руте ја истакна важноста на трансатлантското единство и континуираната поддршка за Украина во нејзината војна со Русија, пренесуваат медиумите во регионот.
Дрон од Либан денеска удри во градинка во близина на градот Хаифа на северот на Израел. Нема повредфено дете бидејќи децата навремне биле склонети во засолниште.











