Author: Zoran Ivanov

Центарот за управување со кризи ЦУК информираше дека во моментот активни се девет пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот на планината Серта, кој се простира на три општини како четири самостојни пожари. Во општина Неготино, во атарот на село Калањево, каде гори ниска вегетација и шума, во Општина Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ, каде гори нискостеблеста шума – бор, во Општина Штип, на местото викано Патрик, каде гори смрек, дабова шума и мешовита шума и во општина Штип, меѓу селата Драгоево и Селце, на месноста викаба Хаџи Реџепли е зафатена ниска вегетација и грмушки, се…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во неговото прво интервју откако преживеа обид за атентат рече дека го изменил својот говор за претстојната републиканска национална конвенција по нападот. Не требаше да бидам овде, требаше да бидам мртов, рече тој во интервју за Њујорк Пост и Вашингтон Егзаминер. Во разговор за конзервативните таблоиди додека патувал со приватен авион од Њу Џерси до Милвоки, Висконсин, Доналд Трамп го опиша моментот кога беше застрелан од вооружен маж на предизборен митинг во Пенсилванија. „Ретко го тргам погледот од толпата. Да не го направев тоа во тој момент, немаше да разговараме денес“, рече тој. Трамп рече…

Read More

За време на првиот ден од официјална посета на Џерси, кралот Чарлс и кралицата Камила се евакуирани поради лична безбедност. Член на кралското обезбедување загрижен поради безбедносен ризик побарал евакуација, но потоа се покажало дека станува збор за лажна тревога. Преземени се сите мерки на претпазливост и набрзо програмата е обновена.

Read More

Државната комисија за спречување на коруцијата оформила предмет по допрен глас за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон. Во меѓувреме од МНР информираат дека за патувањето на синот на премиерот во САД, Јован Мицкоски, не се потрошени средства од буџетот на Република Северна Македонија.

Read More

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе…

Read More

Првите детали што се појавија за Томас Крукс, кој беше убиен од полицијата, покажуваат дека младиот човек работел во близина на својот роден град во Пенсилванија, каде што завршил средно училиште во 2022 година со репутација на бистар, но тивок соученик. ФБИ во неделата соопшти дека неговиот профил на социјалните мрежи не содржел заканувачки зборови, ниту дека откриле историја на проблеми со менталното здравје. Тие рекоа дека дејствувал сам и дека не го идентификувале мотивот. Во саботата попладне Крукс почна да пука со полуавтоматска пушка, што ја купил татко му, изјавија официјални лица. Во престрелката загина 50-годишен маж, тешко рани…

Read More

Битола: На изборното собрание на Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ)  е избран нов претседател на федерацијата и нов управен одбор. Нов претседател на македонските влосипедисти е Иванчо Тошевски од Битола. На собранието присуствуваа единаесет од вкупно осумнаесет клубови, членки на македонската федерација, а во конструктивна атмосфера зацртани се насоките на понатамошните активности на федерацијата. Како нов пртеседател на ВФМ, ќе се залагам за јакнење на имиџот на федерацијата внатре во рамките на државата и на меѓународна сцена, со добро осмислени и јасно дефинирани краткорочни и долгорочни цели. Стартна точка за мене како претседател заедно со управниот одбор на ВФМ и…

Read More

Будимпешта: Шансите за постигнување мир се многу поголеми преку преговори, повторно отворање на дипломатските канали и дијалог отколку со испорака на оружје, санкции и стратегија заснована на отфрлање на дипломатијата, изјави вчера шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто чија земја е актуелен претсдавач со ЕУ.

Read More

Гаснењето на пожарот на планината Серта се очекува да прододолжи утрово со хеликоптери и ер трактори. Вчераутро се гаснело со еден полициски хеликоптер, веднаш потоа и со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна со два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Но покрај тоа огнот повторно бил активен. Според вчерашните информации, пожарот на планината Серта во штипскиот регион кон штипските села Селце и Драгоево е се уште активен.

Read More

САД се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата, изјава американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за емисијата „200“ на Алсат. Прашана за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека станува пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи земјата, таа вели оти се надева дека не мислел на неа. Нашата намера никогаш не е да се мешаме. Отсекогаш  наша намера било  да ве  поддржиме. Одлуките кои се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во рамките на судството, се одлуки…

Read More