Author: Zoran Ivanov
Дваесет и тригодишната Лена Шилинг (Зелени/ЕСА) од Австрија е најмладата европратеничка во новиот Европски парламент, кој денеска почна со работа во Стразбур.
Киев: Поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко на својот Икс профил објави видео на кое вели дека Украинец облечен во цивилна облека кој користи MANPAD, пренослив систем за противвоздушна одбрана, испука ракета од неговото рамо за да пресретне руски крстосувачки проектил. На кусата снимка се гледа како украински војник пука со ракета, додека во позадина се слушаат гласови кои слават, што имплицира дека рускиот проектил е успешно пресретнат. Американскот „Њузвик“ пишува дека но не е јасно каде и кога е снимено видеото.
Новоизбраните европратеници денеска почнаа со работа во Стразбур – прва точка на дневниот ред е изборот на нов претседател на Европскиот парламент. За функцијата има двајца кандидати – актуелната претседателка Роберта Мецола (Европска народна партија) и Ирене Монтеро (Левица).
Вршителот на должноста гувернер на Курската област, Алексеј Смирнов, соопшти дека украинските војници синоќа со беспилотни летала ја нападнале Курската област, поради што избувнал пожар во фабриката за нисконапонска опрема. Фрлена е експлозивна направа на територијата на фабриката за нисконапонска опрема во Коренево. Пожарот во една од технолошките работилници го гаснат противпожарни бригади од два округа“, напиша Смирнов на каналот Телеграм.
Ако победи на претседателските избори во САД во ноември, Доналд Трамп брзо ќе побара мировни преговори меѓу Русија и Украина, тврди унгарскиот премиер, Виктор Орбан, по приватните разговори со републиканскиот кандидат, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Од денеска до петок во Стразбур ќе се одржи конститутивно заседание на новиот состав на Европскиот парламент, во чии рамки главен настан ќе биде гласањето за реизбор на Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија, предвидено за в четврток. Заседанието започнува претпладнево со конституирање на Европарламентот и со избор на негов претседател, функција за кој кандидат е досегашната вршителка на оваа должност, Малтежанката Роберта Мецола, која доаѓа од редовите на Европската народна партија (ЕПП). Мандатот за кој треба да биде реизбрана Мецола е две и пол години. Гласањето ќе биде тајно. Дополнително на денешниот дел од заседанието европратениците…
Џо Бајден: Грешка беше да се употреби тој збор. Мислев дека треба да се фокусираме на него. Фокусирајте се на она што тој го прави, фокусирајте се на неговите политики, фокусирајте се на бројот на лаги што ги кажал во дебатата … Јас не сум тип кој кажува такво нешто. Јас не сум тип кој одби да го прифати исходот од изборите. Јас не сум тип кој рече дека нема да го прифати исходот од овие избори. Фокусот е на она што Трамп го зборува и на неговата идеја.
Двајца потенцијални клучни сведоци во случајот за корупција од висок профил во кој е вмешан поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу починаа под сомнителни околности. Истиот ден, пријавено е дека загинале Игор Котелноков, 52-годишен бизнисмен и генерал-полковник Магомед Хандаев, 61-годишен началник на државниот оддел за експертиза на Министерството за одбрана. Котелноков се наоѓаше во притворниот центар бр. 4 во Москва, каде што, наводно, починал од „срцеви проблеми“. Тој беше осомничен во случајот за поткуп поврзан со поранешниот заменик министер за одбрана Тимур Иванов, кој наводно дејствувал под водство на Шојгу. Според истражителите, Котелноков бил посредник кој обезбедувал профитабилни договори…
Рига: Oд утре по случаен избор во Латвија може да се одлучи кој ќе се приклучи на армијата, а кој не.
Државните избирачки записи покажуваат дека бил регистриран републиканец, според американските медиуми. Исто така, се известува дека донирал 15 долари на либералната кампања ActBlue во 2021 година. Тој имал членство во локален стрелачки клуб, Клертон Спортсменс Клуб, најмалку една година. Малото предградие на Питсбург, Бетел Паркс, во Пенсилванија, е во шок откако ФБИ го именуваше младиот локален човек, Томас Метју Крукс, како личноста која пукаше кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на неговиот митинг во Батлер, пишува Би-Би-Си. Во нападот беше убиен е еден посетител од публиката мртов, а двајца мажи се ранети. Крукс 20-годишен работник во кујна, беше…












