Author: Zoran Ivanov

Во Белорусија се воведуваат СМС известувања за регрутирање во вооружените сили, а пријавувањето во воениот оддел по добивање порака преку мобилен телефон ќе биде задолжително врз основа на законот потпишан од белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Read More

И на третиот ден од почетокот на претседателската кампања на седумтемина кандидати за претседател на државата, тие практично ги репризираа нивните познати ставови кои главно се поклопуваат со ставовите на нивните политички партии поддржувачи и тоа како за прашањата за евро интеграциите и условот за уставните промени така и за внатрешните состојби и понудите во нивните програми па се` до актуелните светски глобални случувања и позицијата и перспективата на Република Северна Македонија во меѓународни рамки.

Read More

Десетици илјади луѓе протестираа против владата на Виктор Орбан во центарот на Будимпешта. Демонстрантите дојдоа во Собранието, а дел од нив извикуваа „Не се плашиме“ и „Орбан, оставка!“

Read More

Претседателски избори 2024 Македнски Брод, 6 април Стево Пендаровски: Во првиот мандат бив претседател на сите граѓани без притоа никого да не привилегирам. Без разлика дали некој доаѓал од Брод или од Скопје, кај мене сите сте биле дочекани на еднаков начин. Не може да каже ниту еден дека бил привилегиран затоа што е Македонец, Албанец, Влав, Турчин, Ром, Бошњак…затоа што во изминативе пет години се трудев и мислев дека бев претседател на сите граѓани. Корупцијата е туѓа како за мене, така и за сите оние што работат за мене. Нудам европска иднина и членство во ЕУ за неколку години,…

Read More

Претседателски избори 2024 Прилеп, 6 април Билјана Ванковска Цветковска: Настапувам со оригинална платформа која ја нема ниту еден кандидат, барем не сите прашања на едно место. Се залагам за нов устав, поништување на Договорот со Бугарија, ревидирање на Преспанскиот договор, излегување од НАТО и водење надворешна мултивекторска политика каде главно ќе биде економскиот интерес на Македонија. Не настапувам со прашање дали Бугарите ќе бидат во Уставот туку со сосема нов устав, бидејќи овој продуцира нефункционилен политички и уставно правен систем. Во план ни е раскинување на Договорот со Бугарија, а Преспанскиот договор ќе биде предмет на преобмислување. Се залагам за…

Read More

Претседателски избори 2024 Скопје, 6 април Арбен таравари: Го прифаќам предлогот на Крешник Бектеши од редовите на ДУИ да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби претстојните избори. Очекува убедлива победа, во спротивно се согласувам со Бектеши да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби изборите. ДУИ со години промовира спроведување на ветинг, но досега немаме ниту драфт верзија за Закон на ветинг. Подготвен сум не утре, туку уште денеска да потпишеме дека сме подготвени да почне ветинг. Како претседател ќе се залагам за промоција на спортот и за изградба на повеќе спортски терени за младите.…

Read More

Претседателски избори 2024 Тетово, 6 април Бујар Османи: Ќе работам на јакнење на младинските политики. Ќе се залагам да ги задржиме младите во државата. Младите со поинакво разбирање за технолошкиот развој на светот, да бидат дел од дизајнот и архитектите на државните политики за иднината на луѓето. Да ги подготвиме луѓето за пазарот на трудот по 40 години зошто анализите велат дека за само 10 години вештачката интелигенција ќе укине околу 50% од работните места. Ќе иницирам квоти во листите за пратеници и за млади до 27 години исто како што има квоти за родовата еднаквост такви да има и…

Read More

Претседателски избори 2024 Валандово, 6 април  Максим Димитриевски: Првиот приоритет е да се овозможи да се придвижи процесот на европска интеграција и да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија. Ќе се формира специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет. Нашата мерка за пензионерите, а со која влеговме во овој предизборен период е да се обезбеди 13-та пензија во форма на субвенција кон сите…

Read More