Author: Zoran Ivanov

Скопје: Либерално-демократската партија вчера вечер ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите. Централниот одбор донесе одлука со која дава целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста. ЛДП ја информира јавноста дека во парламентот ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.

Read More

Пропадна и третото гласање за нов прeтседател на Уставниот суд. Има две кандидатки Татјана Бозаџиева Васиќ и Ана Павловска Данева но ниту една досега не го доби потребното мнозинство од 6 гласови. Во два наврати гласањето беше 5:4 во корист на едната уставна судијка по што беше дадена пауза. На третото гласање по паузата повторно не беше избрана нова претседателка на Уставниот суд. На актуелната претседателка Добрила Кацарска мандатот и` истекува на 2-ри јуни.

Read More

Конфликтот во Украина достигнува критична точка бидејќи постои сериозен ризик интересот и поддршката на западните сојузници повторно да се намалат. Западот е повеќе загрижен за своите претстојни избори, што е особено загрижувачко во Киев, пишува Дејли телеграф. Во исто време, рускиот претседател сигнализира дека со задоволство ќе ги прекине непријателствата, а истовремено ќе ја зачува територијата што неговите војници веќе ја контролираат. Таквото „весело расположение“ не е изненадување бидејќи Путин знае дека тој има предност во моментов, пренесува медиумот. Заобиколувањето на санкциите и зајакнувањето на врските со Кина, Иран и Северна Кореја и овозможи на Москва да ја обнови својата…

Read More

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој го потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и другите етнички заедници, а чие соединување во Европскиот фронт се покажало како втора политичка сила во државата. За скандалозниот израз „Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче за играчка која не е негова“, на ВМРО ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце и кршењето на волјата на суверенот е антидемократски чин и против Охридскиот договор. Демократската унија за…

Read More

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во 13 часот од седиштето во Мала Речица ќе ги каже идните чекори на ДУИ и Европскиот фронт откако вчера се конституира новиот собраниски состав и во пресрет на објавата на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ за формирање на новата влада. На прес-конференцијата Ахмети ќе го придружуваат партнерите од Европскиот Фронт. Ахмети вчера на конститутивната седница одби да коментира за позициите на Европскиот фронт откако остана во опозиција. Пратениците од Европскиот фронт не гласаа за верификацијата на мандатите и ја напуштија салата пред изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.…

Read More

Стефан Богоев: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат и особено на седници на кои се формира владеачко мнозинство и се избира претседател на Собрание. СДСМ треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието. Тоа мора да биде така од самиот почеток. Во спротивно, други партии ќе го превземат опозицискиот простор Линк

Read More

Гордана Силјановска Давкова: Преспанскиот договорј е во сила, ќе го почитувам, но си го задржувам правото некогаш и придавката да ја употребувам или името. Во врска со венецот што го положив во Рим, лентите за натпис не се многу големи и лично сметав дека може да се стави РС Македонија, но на крајот во кабинетот одлучивме да стои моето име како предводник на државно-црковната делегација. Линк

Read More