Author: Zoran Ivanov
Тони Поповски: Ако за момент емоциите ги замениме со резон, кој ни е повеќе од неопходен во услови на повеќекратна криза со сите поврзани ризици, се наметнува потребата од поголема внатрешна умереност и консолидација наспроти зајакнување на тенденции за уште по драстична поларизација, која ја поттикнуваат и надворешни фактори. Не е момент за приоритетно задоволување на лични или групни интереси, и потоа гасење на пожари кои можат да се превенираат, туку е момент за ефективна заштита на нашиот национален и државен интерес. Линк
Катимерини: Тој сега има доволно време да ги одмери своите опции до следните избори во 2028 година, а двете главни прашања се дали ќе ја промени својата економска политика и колку ќе им се врати на националистите и како тоа ќе влијае на надворешната политика. Бидејќи Ердоган сега е ослабен, се вели, неговиот простор за маневрирање се намалува, особено против оние што се сметаат за неопходни, како што се САД. Линк
Федерико Фубини: Значи, некоја друга прикриена струја мора да ја поттикнува широката привлечност на националистичката десница. Една индиција е дека повеќето од тврдо десните партии – без разлика дали се проруски или не – почнаа да се зголемуваат забележливо во анкетите откако Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина. Тоа може да предизвика реакција надвор од непосредното чувство на несигурност, бидејќи Европејците се разбудија на потенцијалното разоткривање на политичкиот поредок по Студената војна. Линк
Џабир Дерала: Осомничените за терористичкиот акт се фатени живи, мачени јавно, ставени во стаклениот кафез пред судот, а прстот е вперен кон Украина и Западот. Класика!
АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на локалните избори во Турција вклучително и најголемите Истанбул и Анкара. На изборите излегле повеќе од 61 милион гласачи .
Стотици граѓани со запалки и светла од мобилни телефони ноќеска чекаа пред Бранденбуршката палата во Берлин да чукне полноќ и првите секунди од први април да го означат мигот кога во Германија стапува на сила законот за легализација на марихуаната.
Врховниот суд на Грција предупреди на злоупотребата на Преспанскиот договор во случаи кога службени лица од Македонија на официјални настани го употребуваат името Република Македонија. Дадена е препорака до обвинителите на Грција веднаш да реагираат при вакви случаи.
Мајами: Во финалето на ВТА Мастерс турнирот во Мајами на Флорида, САД, со 6:3 во првиот и со и 6:1 во вториот сет, Италијанецот Јаник Синер го победи Бугаринот Григор Димитров.
Министерството за внатрешни работи објави дека во близина на Скопје е пронајдена исчезнатата студентка Енкеледа Чела и дека девојката била во добра здравствена состојба.
Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква Пресвето Срце Исусово во Скопје со каде велигденска воскресна литургија.
Париз: Франција ќе испорача нов контигент воена опрема за Украина. Стнува збор за оклопни возила и за проектили од разни видови противоздушни ракети од француските залихи, изјави тамошниот министер за одбрана, Себастиен Лекорну. Опремата вклучува оклопни транспортери од типот ВАБ и ракети од типот Астер за системите САМП/Т. Во интервју за француски весник Ла Трибјун, мнистерот одбил да ја прецизира количината што ќе се испорачува но потенцирал дека до крајкот на оваа или до почетокот на наредната година, за Украина ќе биле испратени стотици возила.
Анкара: Во Турција денеска се одржуваат локални избори на кои на окопи 280 илјади места меѓу 8 и 17 ласот ќе можат да гласаат над 61 милион граѓан.












