Author: Zoran Ivanov
Претседателски избори 2024 Скопје, 4 април Бујар Османи: Дојдено времето за првиот европски претседател. Денеска почнува едно многу важно патување, на народниот референдум, за иднината на нашата држава. Бидејќи со вашата поддршка имав привилегија и ми беше дадена можност да служам во најважните интегративни процеси во државата, ценам дека имам искуство, имам знаење, имам кредибилитет и контакти во центрите на одлучување, но имам и заложба да го заокружам сонот на секое семејство, сонот на секој граѓанин на нашата држава за светла иднина во Европската Унија. Државата е на крстопат, на кој едниот пат води кон светла, просперитетна, европска иднина, додека…
Претседателски избори 2024 Скопје, 4 април Гордана Силјановска Давкова: Во ЕУ само ако станеме нормална држава со почитување и практикување на вредностите. Не се оди во Европа со реторика ЕУ, НАТО, НАТО ЕУ. Не, туку со почитување на вредностите и со практикување на вредностите. Само ако станеме нормална, стандардна држава, ќе бидеме во рамките на ЕУ. Како претседател ќе се вратам кај граѓаните преку народните канцеларии кои сега ги снема. Ќе ја почитувам владата и ќе соработува со неа. Некогаш ќе ја советувам, некогаш ќе ја критикувам, ќе бидам своја глава. Надвор нема да заминам без да изградам консензус за…
Претседателски избори 2024 Струмица, 4 април Билјана Ванковска: Ќе бидам претседател на сите граѓани, на сите сиромашни, обесправени, дискриминирани. Себе си се дефинирам како можен претседател на сите граѓани бидејќи така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви има и меѓу Албанците и меѓу Ромите и меѓу Србите, и меѓу Власите и меѓу сите. Ние сите по таа класна основа сме обесправени без оглед што јас доаѓам од привилигиран слој на академска фела. Но овој систем е неправеден и кога некој ќе ме праша што е среќа, дајте дефиниција на среќа,…
Тајпеј – Хуалиен: Тајван го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилен во последните 25 години. Засега се јавува за неколку урнати згради, повредени и за четворица загинати. Се јавува и за заробени во урнатините.
На Фејзбук Пишува: Бранко Тричковски
Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул, а уште 13 лица се повредени, од кои седум потешко. Инцидентот се случил околу 13 часот во округот Есентепе.
Диана Тахири: Специјалната комисија, преку сеопфатен и долгорочен пристап, треба да промовира идентификација на странско мешање во демократските процеси преку низа форми, вклучително и кампањи за дезинформација преку традиционалните и социјалните медиуми за обликување на јавното мислење, директна финансиска поддршка и индиректно, како и злонамерното економско влијание на јавните актери и поткопувањето на активноста на граѓанското општество. Линк
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека во ненамерен израелски напад загинале невини луѓе во Газа. Станува збор за убиени седум лица што работеле за хуманитарната програма Светска централна кујна.
Гостивар: По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на аутизмот, во Гостивар беше организирана трибина на тема „Аутизам, достигнувањата, предизвиците и институциите“. Присутните зборуваа и за третманот на учениците со аутизам во образовните институции во општина Гостивар.













