Author: Zoran Ivanov
Џабир Дерала: Сè, зависи од тоа колку „работната група“ ќе го прочита сеопфатниот документ изработен од Работната група за измени на Изборниот законик, која беше формирана за време на мандатот на поранешниот министер за правда, Кренар Лога, а ја предводеше еден од најголемите авторитети во оваа област, Александар Новакоски.
Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно е дека не може. Вели дека не знае за изјавите на известувачот и европратеник Вајц и дека Извештајот е „комплетен антипод“ на она што навистина се случува.
Катица Ќулавкова e книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, академик – редовен член на МАНУ. Член е и на Европската Академија на науките и уметностите.
Денес е Светски ден за безбедност и здравје при работа – ден што потсетува дека работата не треба да чини живот. Овој ден, воспоставен од Меѓународната организација на трудот, има за цел да ја подигне свеста за спречување на повреди, болести и несреќи на работното место ширум светот.
На годишнината од бруталниот напад врз македонското Собрание, јасно и недвосмислено го повторуваме: тероризмот е во крвта на ВМРО!
Сапоро: Нов земјотрес беше регистриран во Јапонија, овој пат со магнитуда од 6,2 степени на островот Хокаидо, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки, пренесе Би-би-си.
Владеењето на правото, транспарентноста и институционалната независност не се само европски вредности – тие се закана за системи изградени врз контрола и клиентелизам. Затоа европската перспектива се одржува како реторика, но се саботира како реалност. Цената ја плаќаат граѓаните. Не апстрактно, туку конкретно, преку пад на животниот стандард, ерозија на јавните услуги и губење на достоинството. Кога државата станува средство за распределба на привилегии, таа престанува да биде гарант на еднаквост.
Одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче: Треба да се реши премиерот што и како кажува. Неговите пратеници поднесуваат предлог закон, а тој вели треба да се консултираат уставни експерти,еве сега наводно бил заинтересиран. На тој човек веќе едноставно ништо не може да му се верува. Оваа влада ја водат луѓе кои што имаат резервна татковина и е прашање дали воопшто работат за интересите на оваа држава, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.
Зоран Иванов: Еден ден, кога и да е, еден ден, Тие ВНАТРЕ, тие ИНСПИРИРАНИТЕ, ќе ги прашаат Овие НАДВОР, овие ИНСПИРАТОРИТЕ, ќе ги прашаат како тоа се случи ВИЕ да сте НАДВОР и како тоа се случи НИЕ да сме ВНАТРЕ??
Општина Центар го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.
Иран понуди да ја прекине контролата врз Ормускиот теснец во замена за укинување на блокадата на САД и прекинување на војната, сугерирајќи дека дискусиите за поширокото прашање за неговата нуклеарна програма ќе се одржат во подоцнежна фаза, изјавија денес двајца регионални функционери.















