Author: Zoran Ivanov
Софија: Бугарскиот министер за енергетика, Трајчо Трајков, нареди итни мерки по шокантните наоди за радиоактивна контаминација во Софија, лоцирана на само 80-тина километри од границата со Србија.
Собранието попладнево го донесе Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе се укине техничката (преодната) влада. Т.н. пржинска влада беше воведена како ад хок решение за изборите во 2016 година и како механизам што ќе гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри предложени од опозицијата во 100-те дена пред одржување на изборите.
СДСМ реагира по денешното изгласување на измените на Законот за Влада, со кои по следните парламентарни избори ќе биде укината техничката влада, оценувајќи дека со тоа „паднала последната брана на демократијата“.
Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение.
Цените на нафтата на светските пазари нагло скокнаа по веста дека Соединетите Американски Држави подготвуваат терен за долгорочна блокада на Иран. Како што објави Би-Би-Си, цената на суровата нафта Брент денеска се искачи на околу 115 долари за барел, што е значителен скок во споредба со вчера, кога тргувањето заврши на нешто над 110 долари.
Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со плата под 600 евра.
Фурхан Салиу: Спречување службено лице во вршење службено дејствие се казнува со условна казна од 6 месеци.
Андреј Жерновски: Во нормална држава, кога известувачот за Македонија во Европскиот парламент ќе каже дека нема реформи, нема напредок и нема сериозен чекор кон ЕУ, власта во најмала рака би се засрамила и замислила. Но кај нас, власта слави. Не затоа што нешто демантирале, туку затоа што откриле дека изјавата на Томас Вајц не била дадена оваа недела, туку пред еден месец.
ВМРО-ОКГ вчера, по реакцијата на европскиот известител Томас Вајц дека неговото интервју во кое вели дека нема никаков напредок на реформите во Македонија е старо, веднаш направи напад врз СДСМ, реагираат од СДСМ.















