Author: Zoran Ivanov
Њујорк: Земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој денеска го погоди јужниот дел на американската сојузна држава Њу Џерси, е најсилниот во последните 240 години, соопшти Американското сеизмолошко друштво (USGS).
Во градот Орск, во руската област Оренбург, денеска пукна брана и започната е евакуација на жителите, соопштија локалните власти.
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт.
До почетокот на јуни Русија планира да мобилизира и на линијата на фронтот да донесе дополнителни 300 илјади војници, изјави Украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Киев: Во текот на ноќта Украинците со беспилотни летала го нападнаа воениот аеродром Морозовск во руската област Ростовска. Очевидци забележале бројни дронови на небото и изброиле повеќе од 60 експлозии, пренесува Украинска правда. По нападот голем број области останаа без електрична енергија.












