Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За „27 април“ во Кривичен суд сведочи Сашо Тасевски

1
By Нова ТВ on September 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 21, 2018 22:41

Во Кривичниот суд во Скопје со сведочење на Сашо Тасевски вечерва продолжи судењето за случувањата  во Собранието од 27 април. Тасевски е актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, а во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходно во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ  и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи.

Нухиу кој неклку часови сведочеше за текот на настаните во МВР за време на насилствата во Собранието на 27 април. Кажа дека тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, не одговарал на неговите повици. Со Чавков, кој раководеше со оперативниот штаб, остварил контакт во 20 часот откако претходно повеќепати залудно се обидувал да го добие на телефон. Нухиу рече дека кога го прашал што се случува, Чавков, сега обвинет во случајот, му рекол дека „се случува народ“.

Во 18 часот, рече, му пратил СМС дали следи што се случува пред Собранието и дали има можност ситуацијата да ескалира, на што тој му одговорил дека „нема таква можност и оти засега се е под контрола“. Потоа Чавков му испратил уште една порака во која го информирал Нухиу дека надвор нема проблем.

Тој рече дека кога видел дека ситуацијата ескалира, тргнал кон Собранието и го барал Чавков на телефон, но немало одговор. Потоа му пишал дека пред Собранието нема доволно полицајци. Според Нухиу, кога Чавков пристигнал во оперативниот штаб се однесувал агресивно и не му одговорил на Нухиу каде бил до тој момент.

Обвинетиот Игор Југ на судењето вербално го нападна Нухиу и на судијката Кацарска и порача дека ако сака може да го осуди и на сто години затвор. Тој праша каде е српскиот разузнавач Живаљевиќ и забележа дека им се суди на 33 Македонци, додека странски разузнавач се шетал по Собранието. Обвинетиот Јане Ченто пак, кажа дека токму Нухиу е првиот што треба да сноси одговорност.

Вработениот во Собранието, Владимир Стојков, раскажа дека дента за главниот влез бил задолжен обвинетиот Абдулфета Алими и опишас како пратеници ги отвориле вратите. Неговото работно место било тогаш покрај вратата од пленарната сала.

Кога дошло до тензии помеѓу пратеници, сведокот Владимир Стојков и Алими добиле насоки од началникот да го пренесат формациското оружје горе во кабинет зашто не е безбедно да остане долу бидејќи може да дојде некој да го земе и да го употреби. Кога го носеле оружјето кон кабинетот слушнале викање и кога се вратил назад кај главниот влез ги забележал пратениците.

Тој притоа посочи дека ги видел пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од средната врата, една од трите врати на главниот влез.  Пробал да ја врати едната греда, а другата греда Мукоски ја фатил од едниот крај и не му дозволил да ја врати додека пратеникот Василевски се упатил кон другата врата и ја тргнал едната греда, по што сведокот и Абдулфета се повлекле нагоре кон кабинетот.

Претпладнето сведочеша и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш и една новинарка присутна во Собранието за време на случувањата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.